Потребно време за читање: 2 минути

Изворно, тоа се космички термини кои означувале подрачја на светот, но станале инструменти на религиското мислење. Идеите што со тие термини се изразуваат практично им се својствени на сите религии, како на древните така и на современите. Варијациите во разни системи ги одразуваат космолошките и религиските перспективи на нивното сфаќање на светот и на човековото постоење. Во повеќето религии, небесата и пеколот изразуваат есхатолошки идеи во врска со крајните состојби на постоењето, било благословеност (небесата) или проклетство (пеколот).

Небесата во древната блискоисточна мисла означувале област на забележлив свет, кои укажувале на подрачје на трансцедентноста (божество) кое се наоѓа надвор од нив. Според Хомер, Зевс престојува на планината Олимп. Стариот завет зборува за небесата како за Божјо престојувалиште од каде што Бог ја спроведува својата суверена власт, и каде што на крајот ги прима верните праведници.

Новиот завет ги одразува перспективите на елинистичката еврејска мисла од првиот век, изменети во некои случаи со синкретичките идеи на тоа време. Небесата се Божјо дело и на нив тој престојува. Исус се вознесол на небото од каде што ќе се врати. Бидејќи Бог престојува на небесата, овој израз исто така се однесува и на крајната благословеност на верните.

Прочитај и за ... >>  Свети Јован Крстител

Пеколот, како и небесата, означува едно подрачје на космосот. Во блискоисточната мисла мртвите кои го напуштиле овој свет (духови на покојници, духови итн.) го населувале шеол (грчки hades). Подоцнежната еврејска мисла говори за шеолот како за привремено престојувалиште на праведниците кои го очекуваат страшниот суд, но лошите луѓе таму остануваат засекогаш (Словенска Енохова апокалипса).

Новиот завет ги презел еврејските поими и терминологија. Имено, адот претставува привремено престојувалиште на мртвите и geenna е последното место на казнување на лошите. Христијанските поими на небесата и пеколот се впечатливо изразени во ликовната уметност и книжевност на средновековната црква и ренесансата, понекогаш и гротескно материјалистички (Микеланџело, Страшен суд; Тинторето, Слава на рајот, Данте, Божествена комедија итн.).

Надвор од јудео-христијанската традиција, други симболи опишуваат состојби во кои се наоѓаат мртвите кога одат од овој свет. Будизмот зборува за степени во животот по смртта (седум пеколи и дваесет и шест небеса). Исламската книжевност набројува седум небеса и седум пеколи.

Прочитај и за ... >>  Мистичниот свет

Современите христијани небесата најчесто ги сфаќаат како состојба на благословеност и на лично исполнување, а пеколот како отсуство на тие благослови, имено како лишеност, пропаѓање и деградација и патење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here