fbpx Прескокни до главната содржина

За ќурчиите – лисичарскиот еснаф

За ќурчиите - лисичарскиот еснаф

Лисичарите освем што купуаат од чаршија кожи од лисици, од волци, од јазоец, од видри и од друзи животни, купуаат и од Прусија од трговци и после ‘и работат во Прилеп и ји праат на тафти, за едни да ‘и продават во градо, а пак друзи да ‘и носат по панаири да ‘и продаваат.

До колку испорци ќе паднат по селата сите ќурчиите ќе ‘и купат, и ќе ‘и сработа и ќе ‘и напраат на тафти (даски), готои, та коа му иди муштерија да му каплаиса алиште, да му се готои тафтите од испорците; белите се клаваат одзади на алиштето и оспред му се клаваат ја од лисица, ја од самур, кој какво сака си клава; а пак некој си ја каплаисуаат на полите со тафта од црни испорци.

Неколцина трговци има што работа стока од Лајпциќ, а поецина работа(т) со наши лисици и друзи кожи.

Кои алишта се каплаисуаа: џубе, сако, абдесал’к, салтамарка, казаќија, ќурче, капут и друзи.

Прочитај и за ... >>  Невестата што не умеала леб да месит

Ифчии и крпачи

Како што има ифчии и крпачи во еснафот од терзиите, така има и во ќурчиите. Ќе му однеса алиште на ифчијата да го каплаиса и ќе купи стопано од алиштето каква каплама сака и ифчија само ќе го каплаиса и елаќи ќе му земи, а пак за тафтите на тргоецо ќе му ‘и плати. И у тргоецо, ако оди чоек да му каплаиса, и тој ќе му го каплаиса, чунќи и тој има калфи што му работа лисите и испорците.

Има ифчии и од кожураите што работат на ѓундел’к. Коа нема работа еден ѓундел’кчија, во пазарен ден седи на некој дуќан али пред некој дуќан и ‘и крпи на селаните кожуите и се рани со крпачл’ко.

Прилепските еснафлии во постаро време, освем што работеа на занаато, работеа и по поле, као: тутун, разијане на исполица; царевка копање, леи работење, жниење и во последно време афиони работење. А пак најблагите дни за нас прилепчаните беа во панаирите коа беа у нас. Тогај беа развиени сите еснафи, како земјата во стред месец маиа; а пак сега сет прилепсќите еснафи замрзнати, као во стред месец коложег.

Прочитај и за ... >>  Беља, Неола-Невоља, Несреќа

 

(Запишал: Марко К. Цепенков)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.