Потребно време за читање: 2 минути

Двоица самарџии си биле ортаци; еднио бил женет, а другио беќар, и името му било на беќарот Петко. Петко што пара ќе си добиел, сите си `и криел во една стела од еден ветов самар што го чуал на греди, без да знаит ортак му.

Дошло редот, отишол Петко на пат. Во тие дни дошол еден кираџија на дуќанот од Петка за да купуат еден самар. Одбирале, одбирале од самарите нови, ни еден не му се ваќал на коњот. Го видел кираџијата ветвио самар што бил на греди, со парите од Петка, и го симнал, та за пакос тамам му дошол на коњот. Му нарачал кираџијата на ортакот му на Петка да му напраит еден самар токмо колку него и кога ќе се врател од Серез, ќе му го остаел ветвиот и ќе си го земе новио, што ќе му го напраел.

По некој ден си дошол мајсторо, Петко од пат и кога се опулил на греди-го нема самарот!

Прочитај и за ... >>  Со мера продаа, ама оката тристадрам ја дава

-Леле јас сиромав-рекол-ме изеде змија, отидоа паричките што сум си `и брал толкуа години, како раната што го збира гнојот.

Седнал да работи и ватил да си велит:

-Кога оди-оди; кога оди-оди.

Го прашал ортака си за самарот што го сторил, и тој му кажал како сторил; арно ама на Петко му истинало срцето и немал ниет уште еднаш да си види парите со очи. Една недела, две, само си работел Петко и си пеал:

-Кога оди-оди, кога оди-оди.

На двете недели дошол кираџијата и го остаил ветвио самар и си го зел новио. Го зел мајсторот Петко ветвио самар и го клал здрав, посигнал во сламата и ето му `и парите: беше му стојале. Седнал да работит и ватил да пеит друга песна вака:

-Кога иди-иди; кога иди-иди.

Со тие два збора од Петка и ден-денеска луѓето си се разгоараат. Кога да спечалат пари, ќе речат: „Кога иди-иди“; кога да зијанат: „Кога оди-оди“.

Прочитај и за ... >>  За ќурчиите- лисичарскиот еснаф

(Заб. Марко К. Цепенков)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here