Како што е познато, татковина на Циганите односно Ромите е Индија, од која во времето на големите преселби на народите се растуриле на сите страни на светот, па така стасале и во Македонија.
Во 1971-ва година во Лондон е одржан Светски конгрес на Циганите-Ромите, на кој песната “Ѓелем, ѓелем” е прифатена за химна на сите Цигани-Роми во светот. Осум години подоцна, во 1979-та, на конгресот во Швајцарија е решено името Цигани да се промени во Роми, а оттогаш сите Цигани во светот официјално така се викаат- Роми.
Инаку, ромската химна “Ѓелем, ѓелем” е мошне стара песна. Се смета дека настанала пред повеќе од 5 века.
Во продолжение следуваат стиховите во оригинал:
Maladilem baxtale Rromensa.
A, Rromale, katar tumen aven,
E carensa, baxtale dromensa?
A, Rromale!
A, Chhavale!
Vi mansa su bari familija.
Mudardala e kali legija.
Aven mansa sar e lumnjace Rroma!
Kaj phutajle e Rromane dromensa!
Ake vrjama, usti Rrom akana,
Amen Xudasa misto kaj kerasa.
A, Rromale!
A, Chhavale!