Death Graves Man Fog Cemetery Soul Woman Spooky
Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 3 минути

Душата е она што му дава живот на секое живо суштество или оној внатрешен, суштински или нетелесен дел на секоја жива материја. Исто така, таа е нетелесна, но жива супстанција или ентитет; и нетелесно, но индивидуализирано суштество со сопствена личност.

Одредувањето и опишувањето на областа на „душата“ и „духот“ е искомплицирано од два вида на проблеми.

Најнапред, постои мешање и неразбирање при употребата на овие зборови, кои далеку ги надминуваат нормалните проблеми на повеќезначноста и всушност се засноваат на длабоки разлики во системите на верување.

Од друга страна, оваа збрка се зголемува уште повеќе кога зборови на еден јазик, било во популарниот или во научниот, се користат за да се преведат зборови од други јазици кои често одразуваат верувања, а се прилично различни од оние што се обично поврзани со дадените термини.

Постојат различни верувања за самото постоење на душата-духот, потоа за односот на тие две спрема материјата, за тоа дали се работи за универзално едно или ги има повеќе, за тоа како човечката душа-дух се однесува спрема телото и психолошките состојби и процеси, потеклото и судбината на човечката душа-дух, вклучувајќи ги и прашањата на нејзината/неговата претходна егзистенција и бесмртност.

Од репрезентативните системи на верување (анимизам, хиндуизам и будизам, древните еврејски верувања, стари грчки верувања), ќе се задржиме на новозаветните, традиционалните христијански верувања и современите сфаќања.

Интересно, Новиот Завет не донесува некое разработено мислење за душата-духот.  Писателите го одразуваат својот свет на доцната еврејска мисла, со мал удел на хеленистичките влијанија. Во целина гледано, грчката psyche е поистоветена со еврејскиот nefesh, а pneuma со ruah. Тоа посебно се однесува на подрачјето на човечката природа и ангелите и демоните.

Меѓутоа, во однос на Стариот Завет или фарисеите, Новиот Завет многу подлабоко го развива поимот pneuma theou, Духот Божји (Светиот Дух). И ruah elohim од Стариот Завет и квази-божествениот дух кај Платон се надминуваат на прилично опфатен и оригинален начин, со хипостазирање на Светиот Дух и поставување на темелите за подоцнежната, во целост разработена пнеуматологија.

Христијанската традиција со векови се засновала на една синтеза: старозаветните и новозаветните идеи се читале низ хеленистички очила. На ова е додадено и ориенталното влијание (особено во ништожувањето на телото).

Што се однесува на човечката природа, било вообичаената или дихотомијата или трихотомијата: душата (духот) била добрата, бесмртната, таа учествувала во спасението; телото било злото, смртно и исклучено од спасението.

За да се задоволела грижата за судбината на различните категории на човечките души по смртта, развиени се доктрините за лимбот (во римокатоличката теологија состојба или престојувалиште на мртвите кои, иако лишени од блажената визија, сепак не се грешни, т.е. немаат лични гревови) и чистилиштето.

Потврдено е постоењето на ангелите, демоните и сатаната, а нивната природа и моќ се разгледувани на долго и на широко, исто како и начините  на излегување на крај со нив.

Истерувањето на духовите (егзорцизам) било раширено.

Традиционалната ортодоксија строго му го одредила местото на Светиот Дух во Света Троица и направила разлика помеѓу вистинското манифестирање на божествениот дар и манифестирањето на демонската или сатанската сила.

Денес, во западниот свет, многумина во оваа област и натаму се држат до традиционалната христијанска ортодоксија. На спротивниот крај се наоѓаат материјалистите од различни видови кои го одрекнуваат постоењето на душата-духот. Во средината се наоѓаат христијаните, кои се обидуваат да ја помират суштината на својата вера со погледот на светот кој демоните и сатаната не ги прави баш најуверливи.

Обидите традиционалните термини да се помират со современите психолошки теории се многубројни, но во тоа не постои согласност. Во меѓувреме, помеѓу попростите луѓе опстојува цела низа на невообличени, но широко распространети верувања кои би можеле да се наречат анимистички. Спиритизмот, астрологијата, верувањето во гремлини, како и сатанизмот и вештерувањето цветаат. Постои исто така и влијание на азиски идеи.

Надвор од Западот, традиционалните религии се натпреваруваат со христијанството во разноразни облици, како и со секуларните западни влијанија, доведувајќи до голема збрка, па дури и аномија, особено кај лица со модерно образование.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here