Потребно време за читање: 2 минути

Повеќе од 15.000 Чеси на пописот од 2011. година се изјасниле дека се припадници на Џедај религијата, измислена во научно-фантастичните филмови „Војни на Ѕвездите“, додека половина од 10,5 милиони одбиле да се изјаснат оти ѝ припаѓаат на која била религија.

„Многумина луѓе ги прифатиле моралните вредности на Џедаите, витезите од сагата `Војни на Ѕвездите`“, истакнa Статистичкиот завод на Чешка, наведувајќи дека оваа измислена вера исто така има многу следбеници на Нов Зеланд, во Австралија, Канада и Велика Британија. Во 2001. година во Австралија повеќе од 70.000 луѓе се декларирале како Џедаи, а најмногу-390.000 има во Британија. Во оваа земја џедајската верска заедница е четврта според големината.

Според податоците од пописот, кој беше реализиран во март 2011. година, во Чешка има 15.070 Џедаи, 1.083.899-мина римокатолици и 707.649-мина луѓе кои велат дека веруваат во Бога, но не и припаѓаат на ниедна црква.

„Петнаесет илјади верници, што претставува еден мал град, не е занемарлив општествен феномен“, коментира заменикот директор на заводот, Станислав Драпал. Само во Прага живеат околу 4.000 Џедаи, што претставува 0,31% од жителите на главниот град на Чешка.

Прочитај и за ... >>  Бизарни обично-необични случки

Речиси пет милиони Чеси ја оставиле празна колоната која се однесува на религијата.

„Доколку на тоа ги додадеме 3,6-те милиони граѓани кои рекле дека не се религиозни, излегува дека на чешките граѓани тоа прашање не им е важно или оти немаат никаков однос спрема верата и религијата“, потенцира Драпал.

Џедај е псевдорелигија што се појави во различни земји и е заснована на филозофијата на витезите – џедаи опишана во филмовите и литературата за научно-фантастичната сага “Војна на ѕвездите”. Таа на своите следбеници им дава можност и слободна волја да избираат помеѓу доброто и лошото, односно да можат да се определат за Темната или за Светлата страна.

Џедаите се чувари на мирот во древна монашка организација од измислениот универзум на Војната на ѕвездите, кои се бореле против темната страна на Силата, што ја симболизира страшниот Дарт Вејдер, а всушност против нивните заколнати непријатели Ситите. Ја следеле светлата страна на Силата, а редот е основан илјадници години пред создавањето на Галактичката империја. Користејќи ги манипулацијата со предмети околу себе и својата светлосна сабја, членовите на Редот на Џедаите се бореле за мир и правда во Галактичката Република, околу 20.000-25.000 години пред битката кај Јавин.

Прочитај и за ... >>  Најбизарни занимања на сите времиња

На почетокот Џедаите биле повеќе свештеници одошто воини и редот имал улога на мислители. Но со време неговите членови станувале поактивни во дневнополитичките работи во галаксијата, па на крајот се сместиле на Корускант (планета-град).

За да се стане Џедај е потребна целосна посветеност и цврста волја. Во текот на целиот живот Џедајот-витез се жртвува за благосостојбата на општеството, а не му е дозволен личен живот. Децата кај кои ќе се почувствува јака Сила се земаат во редот веднаш по раѓањето и растат според неговиот кодекс. Тој, пак, меѓу другото, забранува каква било материјална сопственост или емоцинални врски. Младиот Џедај-витез (padawan) го подучува постар (учител или мастер) се додека не стане подготвен самиот да ги преземе обврските на Џедаите.

Традиционално оружје на Џедај-витезите е светлосниот меч. Задача на секој е сам да си го направи, а што е конечна потврда на статусот.

Силата во војните на ѕвездите се опишува како енергетско поле кое го имаат сите живи суштества. Џедај-витезите можат да ја разберат Силата и да се служат со неа благодарение на симбионтските организми наречени миди- клоријани. Колку се тие во поголем број, толку е појака Силата. Во филмот „Фантомска закана“ Анакин Скајвокер има над 20.000 миди-клоријани, повеќе и од самиот учител Јода.

Прочитај и за ... >>  Мистериозни откритија кои не можат да се објаснат

Многумина Џедаи се главни ликови во филмовите и додатните дела на тема војни на ѕвездите, вклучувајќи ги Оби Ван Кеноби, Квај Гон Џин, Јода, Анакин Скајвокер и Лук Скајвокер.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here