Mann, Frau, Trennung, Ehekrach, Scheidung, Streit, Beziehungsstress, Liebeskummer Beziehung, Paar, Ehe, Herz Person Ehepaar Stress, Herzschmerz, Krise, sauer trennen rot gebrochen Ehekrise, rotes, herz, Illustration, Beziehungskrise zerbrochen auseinandersetzung enttäuschung fami, liebe mißverständnis, paar, probleme spannung streiten isoliert konzept kummer, weiß Grafik, abbildung beraten beratung bild darstellung enttäuschung entzwei, weiß
Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 2 минути

Во Канада е доволно жената да докаже дека гласното ‘ркање на својот маж е еднакво на она на автомобил за трки и би добила развод.

Во античкиот Рим секој маж можел лесно да се реши од својата сопруга доколку таа ќе му станела неверна, ако направела дупликат на клучеви на винската визба на мажот или ако пиела вино кое не созреало. Не треба да се заборави дека старите итри Римјани, за да се осигураат  дека нивните жени не го злоупотребуваат алкохолот, измислиле прекрасна традиција која станала толку популарна што преживеала сѐ до денес-бакнување на жена в уста.

Според законот на Мануите, Индијанците имале право да ја променат жената ако не родила деца ниту по 8-та година од бракот, ако и по 10-тата година раѓала само мртви деца, или ако и по 11-тата година раѓала само женски деца. Меѓутоа, во случај Индијанецот да се ожени со исклучително кавгаџиска жена, разводот би му бил допуштен на самото место.

Слично е и во Кина. Таму кавгаџиството и трачот се сметаат за доволни причини за развод на бракот.

Бучното перење на садови, како и останатите „гласни“ куќни работи во Италија се сметани за сериозен повод за развод.

Во Египет еден професор ја повикал полицијата и во истиот миг побарал развод оти се сметал за изневерен. Имено, во брачната постела открил дека новата сопруга му е-ќелава.

Кај Корејците постоеле 7 главни причини за развод. Најголемиот од сите бил непочитувањето на родителите на сопругот. И додека е ова сметано за сериозен брачен проблем, неразбирањето или несогласувањето на карактерите на сопружниците се сметани за ништожни.

Чинот на вандализам во Англија бил сосема доволна причина за покренување на развод. Страсниот обожувач на фудбалот Неил Деварт твдел дека се работи токму за тоа. Имено, причина за развод на бракот била вандализмот на неговата жена, која ја испрала неговата омилена маица со автограми на омилените фудбалери.

Неодамна во САД обземеноста со Рубиковата коцка била доволен изговор за развод, како и за поделба на имотот помеѓу две скарани страни. Комплицираната коцка, направена за развивање на менталните способности на хендикепирани деца, така станала камен на сопнување помеѓу сопружниците. По разводот коцката останала во сопственост на оној сопружник кој е сметан за жртва.

Ќе ја спомнеме и Јапонија, каде што развод може да се добие доколку еден од сопружниците спие во незгодна положба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here