Дома ЗАБАВА Паралелен свет Вишну

Вишну

188
Потребно време за читање: 2 минути

Еден од големите хиндуистички богови чие значење го достигнува уште само Шива. Во ведската религија помалку истакнат бог, со елементи на соларно божество, кој во три чекори го измерил светскиот простор. Помагач на Индра.

Во развиениот хиндуизам Вишну е голем ишвара, „господ бог“, а за вишнуистите  токму највисок принцип. Историјата на тој силен напредок е завиена во темнина, но се чини дека вишнуизмот настанал како конгломерат од почитување на различни божествени и јуначко-легендарни ликови.

Вишну се отелотворува и слегува помеѓу луѓето во едно од своите „слегувања“ (аватари), да помогне.

Ги има десет: риба, желка, вепар, човек-лав, џуџе, Рама со секира, Рама, Кршна, Буда, Калкин (идна инкарнација).

Во хиндуистичкото тројство (тримурти) Вишну е бог одржувател. Иконографски ознаки му се: школка, диск, ластегарка и барски цвет, што ги држи во четири раце. Го прикажуваат и како лежи на змијата Шеше, заедно со својата жена Лакшми, или како ја јава птицата Гаруду.

Прочитај и за ... >>  Митологија на Средна Америка- основни сознанија

За Вишнуовите космички облици:

Аватарите  првенствено го штитат и спасуваат овој свет. Наспроти тоа, самиот Вишну се издигнува во космички статус на создател и надгледник  на целокупниот општ процес. Митологијата го прикажува како плови низ космичкиот океан на кривулесто тело на големата змија Ананта или Шеше, повремено будејќи се од сон за да го роди создателот Брахма, чиј домен на креативност е материјалниот свет и неговите суштества.

Овој создаден свет постои во многу циклуси, во текот на кои Вишну е делотворен во своите аватари, бранејќи го и одржувајќи го светот, за конечно, како Рудра, на крајот од низата на циклуси, да го разурне и да го врати во првобитната состојба на можноста. Дури ни оваа состојба не е конечна, оти Вишнуовите космички облици и космички води се само аспекти на врховна личност (која исто така се нарекува  и „Господар“, Бхагаван), која ги трансцендира сите форми. Тој предизвикува етапи на манифестирање како дел од својата вечна лиле (игра) и токму тој-вечниот Вишну- сите форми на крајот ќе ги ослободи и ќе ги врати во состојба на единство од кое се и создадени.