Потребно време за читање: 3 минути

Ангелот сведочи за божествената добродетел во термините на народскиот религиозен менталитет, во рамките на образецот на дадениот поглед на свет. Тој израз често се јавува во речникот на зороастрејците (следбеници на религијата наречена според името на нејзиниот основач, пророкот Заратустра), на еврејството, христијанството и исламот.

Архангел е врховен ангел, поглавар на ангелите. Според еврејско-христијанската традиција, архангелите со божја заповед вршеле посебни задачи. Системот на седум архангели кои претстојат пред престолот Божји е стар обичај на гледање кај Аврамските религии. Според Прав ославието, тие се Михаил-началник и војвода, Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Јегудил и Варахил.

Ангелот е гласник.

Ангелите се надземни суштества кои ја пренесуваат божествената присутност на земјата, било како посредници на откровенијата, било како извршители на божествената волја. Овој мотив претставува една форма на сведоштво на божествената дејност во областа на човечкото искуство. Другите имиња-демони, духови итн.-ја изразуваат истата идеја. Ангелот се појавува во грчката книжевност уште кај Хомер. Во првобитната грчка мисла овој израз се однесувал како на личен посредник, така и на безлична сила. Подоцна главно се користел за личен посредник кој имал религиска или секуларна улога.

Прочитај и за ... >>  Научно откритие : душата постои, смртта не!

Ангелите играат ограничена улога во израелитската традиција пред вавилонското прогонство. Меѓутоа, израелитското искуство во прогонството влијаело врз тој поим на два начина: го поттикнал развојот на строгиот монотеизам-перспектива која довела до поимање на ангелот како посредник-и овозможило пристап на иранската и вавилонската терминологија и космологија, со чија помош е изразен поимот на ангелот.

Иако развојот на доктрината за ангелите не бил воедначен, евидентна е богатата ангеологија во специфичните области на еврејската книжевност, особено во небиблискиот материјал.

Ангелите играат важна улога во апокалиптичното мислење како објавувачи на езотеричните знаења.

Во рабинската книжевност ангелите се спомнуваат повремено, но нивната улога е ограничена. Повеќето од современите еврејски толкувачи го сметаат спомнувањето на ангелите за поетски симболизам или за застарени остатоци на поранешната космологија.

Христијаните ги прифатиле еврејските верувања за ангелите, но учењето за Светиот Дух ги поставило дефинитивните граници на развојот на христијанската ангеологија. Ангелите често се спомнуваат во Новиот Завет, но тенденциите кон нивно обожавање се остро критикувани.

Прочитај и за ... >>  Вишну

Псевдо-Дионисиј Аеропагит разработил небеска хиерархија, од серафими на врвот до архангели и ангели на дното. Најпопуларните идеи за ангелите потекнуваат од него, а не од Библијата.

Европската религиска уметност исто така го одразува неговото влијание, иако инспирацијата за херувимите биле класичните putti.

Правени се разни обиди повторно да се воспостави еврејско-христијанската ангеологија.

Психоанализата укажува на структурите на личностите што се аналогни на тројната поделба на универзумот која ангеологијата ја подразбира. Во некои кругови верувањето во ангели се поткрепува со повикување на буквалното значење на светите списи или на поранешните учења на црквата.

Меѓутоа, од коперникарската револуција, ангелите обично се сметаат за елементи на застарената космологија.

Кои се архангелите?
Михаил е претставен како заповедник (војвода) на Господовата војска. Во книгата на Даниел се јавува како „еден од првите кнезови“ кој му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а е опишан и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“ (Даниел, 10:21, 12:1). Римокатолиците и православците го нарекуваат Свети Архангел Михаил.

Прочитај и за ... >>  6 знаци според кои можете да знаете дали сте или можеби сте биле гостин на вонземјанско парти

Рафаил е архангел во Јудеизмот, Христијанството и Исламот, кој врши најразлични исцелувања (лечења). Хебрејскиот збор за доктор по медицина е Рофе и влече ист корен што и Рафаил.

Името Гаврил на хебрејски значи божји човек, божја сила. Според Библијата, Гаврил е еден од трите архангели кои на луѓето им ги објаснуваат божјите одлуки. Во Книгата на Даниел тој се јавува да ги толкува пророштвата, во Евангелието според Лука му го навестува на Захариј раѓањето на Јован, а на Марија раѓањето на Исус.

Во Куранот тој е „чист дух“ преку кој на Мухамед му е дадена објавата (во арапскиот јазик се вика Џебраил).

Во христијанската иконографија Гаврил е честа фигура на приказите на Навестувањето.

26-ти јули е ден на светиот архангел Гаврил, а на овој ден се одржува Собор на светиот архангел Гаврил. Едновремено ззапочнува и Неделата на Светите отци од 4-от Вселенски собор. Од Библијата се користат дел од Посланието на светиот апостол Павле до Евреите и од Светото евангелие според Лука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here