Потребно време за читање: < 1 минута

216. Ѕвездено небо

Се збрале ѕвезди на моето небо
за да воспеат доблесен човек.

217. Чинка

Нема одговор зошто ненадејно
ја остави сама единствена љубов.

218. На езерски брег

Стоиме јас и ти на езерски брег
спроти ветер што крева бранови.

219. Шегобиец

Се бие шега со секој што не знае,
а знае дека не може долго да трае.

220. Танц и песна

Едни танцуваат, други пеат песна
за времиња со траги жизнени.