Потребно време за читање: 4 минути

Малку познато и несфатливо: Doug Engelbart од институтот во Станфорд, таткото на првото компјутерско глувче кое во 2018 „одбележува“ 49 години „живот“, никогаш не добил ниту цент за својот изум. Причина: навреме авторски не го заштитил, а во меѓувреме се појавија толку верзии што не гледал никаква смисла да бара пари за изумот кој многу го промени користењето на компјутерот.

Прототипот на глувчето од 1968-ма година поддржувал 3 типки, а се роди во време кога компјутерите не беа во широка употреба. Тоа воопшто не личи на денешните. Значи, спротивно на мислењата на помладите генерации, глувчето не е дојдено ниту од Microsoft, ниту од Apple, туку од спомнатиот институт. А името го добило зашто навистина изгледа како вистинско глувче, иако со текот на времето се направени толку модели што е прашање како би го нарекле ако првото изгледало како, на пример, новото безжично Air Mouse на Logitech.

Денешните глувчиња први почнале да ги произведуваат дизајнерите во Xerox и се сметаат за едни од најголемите изуми в о компјутерскиот свет, со оглед дека неговата појава наголемо ја прошири употребата на компјутерот. Имено, дотогаш корисниците биле исклучиво зависни од тастатурата и безбројните „shortcuts“-и за да може да се направи каква било работа.

Engelbart глувчето го направил по детална анализа на веќе постојните уреди и нивните карактеристики. Како што објаснувал, сите тогаш постојни уреди ги наредил според оној редослед каков што долго постоел во периодичниот систем на елементите, и на ист начин направил таблица за gadget- ите. Исто како што таблицата на елементите со одреден начин на користење доведува до сознанија за нови елементи, така и оваа таблица му укажала на Engelbart на уред кој сѐ уште не постои, а тоа било глувчето.

Прочитај и за ... >>  Милениумска награда Линус Торвалдс

Забележана изјава на творецот:

„Оригиналното глувче имаше кабел од предната страна, но брзо го префрливме на задната зашто пречеше при работа. Тоа беше едноставен механички уред со два диска на долната страна. Тоа глувче можеше да се клика и да се врти, со што на компјутерот можеа да се нацртаат совршено рамни хоризонтални и вертикални црти. Повеќето глувчиња и натаму се механички, само што наместо дискови имаат куглички. Веќе не се сеќавам кој го даде името глувче, никој од лабораторијата не може да се сети кој го смисли тој назив, но се сеќавам дека сите не потсети на вистински глушец, па така почнавме да го викаме и на крајот остана глувче“.

Оттогаш глувчето доживеа бројни промени, а првата поголема се случи околу 1980- та година, кога е направено првото оптичко глувче. Уследија неколку варијанти на оптички глувчиња, потоа ласерско глувче, безжично, 3D, со повеќе од две типки…

Бројот на модели на глувчиња денес е тешко да се утврди, зашто ги произведува секоја фирма која се занимава со технологија, а повеќе не се само „помагало“ за работа на компјутер, туку се користат и за игри, што изискува модели со 5 или повеќе типки. Токму бројот на типките предизвика најголеми контроверзи околу глувчето , и тоа откако Apple сите свои компјутери ги опреми со глувче кое има само една типка. Apple го промовира таквото глувче со аргумент дека е поедноставно за користење, па за глувчињата со повеќе типки рекоа дека ги збунува корисниците, особено новите. И денес сите глувчиња на Apple можат да користат само глувчиња со една типка, иако во меѓувреме, во 2005- та година, произведе глувче со повеќе типки и го нарече „mighty mouse“. Но, од друга страна оние што го поддржуваа користењето на глувчиња со повеќе типки предупредуваа дека глувче со една типка е неудобно за работа, зашто за да се направи некоја покомплицирана функција секогаш мора да се кликне една типка на тастатурата, најчесто „ctrl“ или „alt“, па така обете раце се постојано зафатени.

Прочитај и за ... >>  Осумте технологии што ќе го спасат светот

Меѓутоа, производителите продолжија да произведуваат глувчиња со 5 и повеќе типки, кои на корисниците им овозможуваат разни функции, во зависност од компјутерите на кои работат. Таквите глувчиња се најпопуларни за игри, зашто им дозволуваат на играчите акции кои некои други можат да ги изведат само на тастатура, па така играчите со напредни глувчиња се во предност при играњето.

Дури и „таткото“ на глувчето Engelbart повеќе пати нагласувал дека секогаш ќе ги поддржува идеите кои вклучуваат што поголем број на типки. Имено, неговиот прототип, кој подоцна послужи за дизајнирање на денешните глувчиња, бил направен така да поддржува 3 типки, но Engelbart рекол дека тоа било само затоа што не знаеле каде би ставиле додатни типки.

Како и со секој gadget, така и со глувчето дошол додатен „accessory“, а најпопуларен е подлогата за глувчето, нешто што во времето на Engelbart не било ниту замисливо. Не затоа што никој на тоа не можел да се сети, туку затоа што неговото глувче било направено така што со него да може да се работи на каква било подлога.

Прочитај и за ... >>  20 години на WWW

Јапонската компанија TEC е мошне горда на своето чедо, најмалото компјутерско глувче на светот под називот Lingo.

Lingo е бежичен, работи на една обична AAA батерија која би требало да трае во текот на 15 часа активно користење, додека опфатот му е фрабрички деклариран на 10 метри. Lingo е тежок само 23 грама, со димензии 27,5 × 60 × 19 милиметри. Тоа е толку малку за едно глувче што отворено се поставува прашањето дали кој било би го користел.

Димензиите се одлични доколку ви е неопходно глувче кого непречено можете да го сместите во торба за лаптоп, но веројатно би требало да имате невообичаено мали раце за користењето во текот на работата да биде удобно. Цената за најмалото глувче на светот не е баш пристапна- за ова задоволство ќе морате да издвоите 50 долари.

А компанијата „LG International“ претстави ново преносно глувче под називот „Прст“. Тоа е дизајнирано во форма на прст. Горниот дел служи како лева типка, а задниот како десна. Тркалцето на десната страна се користи за скролирање на страници. Она што е интересно е фактот дека за користење на ова глувче ви е доволен само еден прст.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here