fbpx Прескокни до главната содржина

СВЕТОВИ, поезија/припеви, 26-30

26. Жед

Крај источник еден
слетал жеден орел
од гола планина
жедта да ја смири,
па пак да полета
кон небесни висини.

27. Намерник

Намерно влезе
во трошна куќарка
човек намерник
од долго скитање
низ една или низ
многу пустелии.
Ветер налудничав
трошната куќарка
мигум ја стори
купиште камено,
за да не може во неа
тој да одмори.

28. Нежност

Нежност непрестана
 не им дава сон
на два огна обградени
со голи ѕидови
,на кои зрак бесшумен
реди слики
на живи природи.

29. Будна мисла

Никако не успева
будна мисла
во ниедно доба
да се ослободи
од окови на страв
и беспокој.

30. Мрачен агол

Зошто ли е мрачен аголов
со дете кое штотуку успеа
да направи прв чекор,
па падна наземи од страв
дека не успеа го направи
на свој пат?
Да не е баш мрачен аголов
оти во него се сокри
до нова усилба?

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.