Потребно време за читање: < 1 минута

11. Од миг во миг

Мигновено, ненадејно
нешто се случува
во човек.
Што ли се случува?
Како да треба
да дочека нов миг
пред миг без него.

12. Злост

Сè поблиска злост
од празнина без мисла
дека да се живее
во согласност со свет
спокоен, самобитен,
светол и намерен.

13. Лична цел

Дека е почетна.
Дека е крајна.
Дека е прва.
Дека е последна.  
Дека е блиска.
Дека е далечна.
Дека е догледна.
Дека е достижна.
Дека е единствена.

Е преднамерна.

14. Обично необично

Се случува раѓање на плод
со семе во себе кое допрва
треба да изрти во природа
без
обично необично време,
без
несакани последици
по здравјето на луѓе
кои сè уште се разбират
меѓусебно.

15. Предводам

Со самосвест предводам
народ и безброј траги
негови
во, на, под и над земја,
на изгревна,
на залезна сончевина.
Кон висини, кон ширини,
кон чистоти.