fbpx

СВЕТОВИ, поезија/припеви, 21-25

21. Поглед

Еден поглед бескраен
пред очи во очи едни
што барале нешто.
Притоа не очекувајќи
некогаш да узнае што.
Можеби нечија
несомнена убавина.

22. Доживување

Трепетен, буден
во ниедно доба
надежен,
во секое доба јас,
преуморен до зора.

23. Промена

Се случува
војна на бојно поле,
војна меѓу јава
и некој нов свет
преполн живи сенки
без докажани луѓе
со свое дело.
Војна за постоење
од дамнешно минато
до навестена иднина.

24. Внатрешно

Се урива тврдина
од стени нафрлани
една врз друга,
изѕидана од народ
речиси до небо,
речиси до сонце.
За одбрана
на свој опстанок
во векови,
со свое достоинство.

25. Вина

Носам вина во свеста
дека сум можел уште
да откривам траги
на спомени на минато
со нас;
ние огнови угаснати
од жар до пепел.  

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.