Потребно време за читање: < 1 минута

486. Лисје

Лисје суво на жешко сонце
паѓа на гола самотна земја.

487. Неосмислено

Трга напред кон каде било
за веќе да не стои во место.

488. Исчекување

Се случува нова неизвесност
со нешто што може да биде.

489. Оживување

Долго чекаше да оживее
меѓу уште живи потомци.

490. Не без излез

Не се влегува во пуста куќа
без излез кон жива природа.