Потребно време за читање: 7 минути

За соодносот и меѓузависноста на исхраната и спортот, особено за здравата храна и правилната исхрана како предуслов за врвни спортски резултати, се знае доста. Меѓутоа, малку за спортските пијалоци. Имено, за да ги надоместат течноста и изгубените минерали спортистите мораат да конзумираат големи количества на течности.

Важно за секој што активно-професионално или рекреативно се занимава со некој спорт:

-кај луѓето жедта е прилично лошо развиен механизам, а кога спортистот ќе почувствува жед значи дека веќе делумно дехидрирал;

-важно е да се обезбеди адекватна (не која било) течност пред, за време и по вежбањето односно спортското натпреварување-рекреативната активност;

-обичната вода често не е најдобро дехидрациско средство затоа што не може во краток рок да го корегира падот на нивото на натриум.

Основни сознанија за водата:

Таа има важна улога во организмот и без неа човек може да остане во живот најдолго 48-72 часа, во зависност од тоа каква состојба и претходела на жедта. Водата непрестано се губи по пат на тн. незабележливо испарување низ издишаниот воздух кој е заситен со водена пареа. Телесната течност се губи низ кожата, преку урина и измет, кај физиолошкото ладење на телото, како и кај потењето.

Губењето на телесна течност за време на физичка активност преку потење може да изнесува дури 5 литри, што е за околу 50 пати повеќе отколку во состојба на мирување, а со издишаниот воздух се губи 3 пати повеќе вода отколку во мирување. Целата изгубена вода се надоместува во она количество во кое е изгубена. Тоа е законитост за спортистите без која е невозможно да се постигнат врвни резултати.

Водата во организмот треба да се штеди поради тоа што 2,7 гр врзуваат 1 гр гликоген (енергетски мускулен придвижувач), а нејзиното надоместување е всушност принцип на правилно земање на вода, а тоа е: се пие пред, за време и по физичко оптоварување.

Околу 2/3 од просечната човекова тежина отпаѓаат на водата, а речиси 3/4 од неа се наоѓаат во ќелиите. Во организмот на човекот има околу 60% вода; во мускулното ткиво 75% (значење на водата и гликогенот), во мозочното ткиво 80%, во белите дробови 90%, а во масното ткиво 10%.

Врз основа на овие податоци за секој спортист може да се пресмета количеството на вода што ја поседува во организмот. Спортист со телесна маса од 75 кг има 45 литри вода во телото. Рамнотежата на водата е тесно поврзана со терморегулацијата, а центрите се наоѓаат во хипоталамусот.

Постојаната потреба од вода во организмот изнесува 2.600 мл. Во организмот метаболички се создаваат 300 мл, а останатите 2.300 мл мора да се внесуваат.

Главни потрошувачи на вода се: белите дробови 600 мл, кожата 400 мл, бубрезите 1.300 мл и цревата 300 мл. Спортистите имаат помалку вода во себе и затоа постои потреба од нејзино внесување. Водата во телото е поделена на два простора: интерцелуларен 60% и екстрацелуларен 40%. 75% од водата оди на топлина на телото, а 25% на механичка работа на организмот.75-80% од мускулната маса е вода. Тоа е мошне значајно од аспект на оптоварување на метаболизмот, процесот на дехидратација и рехидратација и процесот на терморегулација.

Прочитај и за ... >>  10 најопасни спортови

Во процесот на обновување на работата мускулот поседува способност да ја трансферира хемиската енергија во механичка со степен на искористување од 25-30%, додека остатокот од енегијата го претвора во топлина која организмот, односно мускулното ткиво мора да ја елиминира за да се постигне толку значајната хомеотермна рамнотежа од 36-37 степени Целзиусови.

Различни спортови имаат различни потреби спрема телото, па и во однос на хидрацијата и дехидрацијата т.е потребата од вода. Мошне е тешко да се најде „идеална“ формула за спортски пијалог кој ќе ги задоволи сите потреби. Тој најнапред треба да ги надомести изгубената течност и минералите, но и да помогне во опоравувањето на мускулите.

Кај спортовите кои бараат издржливост водата или чајот се сосема доволни да ја надоместат течноста, доколку активноста не е подолга од 60 минути. Во спротивно, се препорачува земање на сок од портокал или слично кој ќе го урамнотежи и енергетското ниво.

Кај вежбите за мускулна маса комбинација на овошен сок и минерална вода ќе ги задоволат речиси сите потреби. Во повеќето теретани се нудат разни протеински пијалоци и миксеви, но е прашање дали се тие навистина неопходни. Секако дека треба да се земаат протеини за уморните мускули, но овие пијалоци обично содржат големи количества на шеќер што не е препорачливо кај ваквото тренирање. Потребно е фруктозата да не преминува 60 г/л пијалок. Подобро решение е протеините да се обезбедат со правилна исхрана, а пијалок да се користи за освежување и обнова на минералните залихи.

Својот спортски пијалок можете да го направите и сами. Измешајте 100 мл свеж сок од лимон со литар сварен црн чај и по желба додајте 3-4 лажици мед или кафеав шеќер за надоместување на карбохидратите.

Еве една мала споредба на карактеристиките на спортските пијалоци и обичната вода:

-спортските пијалоци содржат: 6-8% јаглени хидрати кои го подигаат нивото на енергија во мускулите; содржат идеални односи на електролити (натриум и калиум) кои го поттикнуваат стремежот за внесување на течност, ја стимулираат апсорпцијата и ја помагаат ретенцијата на течноста; надомест на електролити; освежителните вкусови го поттикнуваат внесувањето на течности;

-водата: нема енергетска вредност, содржи одвај минимално ниво на електролити, што предизвикува преурането поттикнување на бубрезите на продукција на урина, а може да дојде и до губење наместо задржување на течности; не ги надоместува електролитите; бесвкусна не поттикнува внесување на течности.

За време на опоравувањето се вршат обновувања на различни супстанции во организмот според начелото дека примарните процеси на разложување секогаш ги предизвикуваат или ги засилуваат реакциите на ресинтеза. Таквите течности содржат околу 2% фруктоза (овошен шеќер) и околу 5% (не повеќе од 7%) полимери на глукозата кои лесно се апсорбираат во цревата. Фруктозата е во предност над глукозата зашто не предизвикува нагло излачуње на инсулин во крвта и е многу поповолен извор за создавање на гликоген во црниот дроб од глукозата. Обновувањето на нивото на различни биохемиски параметри на крвта и мускулите во периодот на одмор се остварува хетерохтоно. Најбрзо на нормала се враќа нивото на пиорогроздената и млечната киселина, а се нормализира и ацитобазната рамнотежа. Потоа на почетно ниво се враќа содржината на креатин-фосфатите, нешто подоцна на гликогенот и протеините на мускулите, а на крајот ATP. Последново може да се објасни со тоа што, без оглед на интензивното создавање на ATP, тој во време на одмор непрестано се троши на енергетско обезбедување на биосинтетските процеси и неговото ниво во целост се обновува дури на крајот од периодот на опоравување.

Прочитај и за ... >>  За најпопуларниот спортист во Русија

По завршеното натпреварување не смее да се седне, без оглед колку бил голем напорот. Со опуштање на мускулите може да дојде до грчеви, па дури и до повреди, зашто изморените мускули не добиваат доволно крв за да се отстранат наталожените распаднати продукти. Контракцијата на мускулите е најдобра пумпа за довод на крв. Често гледаме на атлетските митинзи како натпреварувачите, по завршувањето на трките, одат и пијат вода. Целосно рехидрација настанува и во следните 12 часа со земање на течности до целосен надомест. Истовремено треба да се внесува и храна, претежно сложени јаглени хидрати како што се палачинки или тестенини од цело зрно на житарици, овесни пувки. Од овошјето добри се банани и свежи јаболка.

Можат да се земаат и макробиотски колачи. Треба да се избегнуваат газирани пијалоци, пиво, други видови на овошје, јогурт, слатки табли, чоколадо, разни грицкалки преполни со шеќер и масти. Многу комерцијални напитоци, овошни сокови, содржат големи количества на прости шеќери, сахароза, глукоза или фруктоза, обично над 10%. Овие шеќери се осмодско активни, што значи дека ја привлекуваат водата и не дозволуваат нејзина апсорпција во цревата. Спортистите не треба да ги користат, посебно не по натпреварот и тренингот кога потребата од чиста вода е најголема. Посебно треба да се избегнуваат сокови од овошје од семејството на цитруси (портокал, лимон) кои содржат многу шеќер, а уште предизвикуваат киселсот на внатрешната средина.

Сосема накусо за изотоничните спортски напитоци:

-Тие се додаток на електролитите, особено на Na+ и K+, ја намалуваат продукцијата на урина и зачестено го зголемува уделот на течност што се задржува во организмот и така ја промовира рехидрацијата:

-тие содржат мал удел на јаглени хидрати; брзо ја надоместуваат течноста изгубена со потење.

Внесувањето на течности мора да се врши според претходно строго утврден план:

1. Навикнување на организмот на зголемено внесување на течности во текот на физичката активност;

2. Да не се започнува со физичка активност во дехидрирана состојба;

3. Да се избегнува алкохол вечерта пред физичката активност;

4. да се земаат 250-500 мл изотоничен напиток непосредно пред активноста;

5. Да се земаат мали количества на течност (125 мл-150 мл) на секои 15-20 минути за време на активноста;

Прочитај и за ... >>  Кој ја направил првата топка?

6. По физичката активност ВЕДНАШ да се започне со рехидрација.

Првиот спортски напиток „геторејд“ (Gatorade) го измислил американскиот лекар Роберт Кејд (умре во 2007. на 80 години) и со тоа му даде замав на индустријата вредна милијарди долари. Истражувал на Универзитетот Флорида, каде што во 1965- та го создаде напитокот.

„Геторејд“ го смислил за да им помогне на рагбистите на американските унвиерзитети за да ги надоместат карбохидратите и електролитите изгубени со потење во текот на играта под голема горештина. Се продава во 80 земји, а името го добил според маскотата на школата под назив Гетор. До идејата Кејд дошол кога тренерот на универзитетската рагби екипа го прашал зошто играчите не уринираат по натпреварот. Истражувајќи дошол до заклучок дека рагбистите за време на 3- часа тренинг губат повеќе од 8 килограми, од кои 90% до 95% е вода. Играчите со потење губат натриум, хлорид, како и волумен на плазма во крвта. Потоа потрошил 43 долари за продукти за да измисли „мешавина” која играчите би требало да ја пијат за време на натпреварот, но првиот обид не бил успешен. „Напитокот имаше вкус како средство за чистење на тоалет“, рекол Кејд.

Во текот на истражувањето на „мешавината“ ѝ додал шеќер, подоцна и сок од лимон. Напитокот први го пробале брруцошите зашто тренерот не сакал да го „упропасти“ универзитетскиот тим. Меѓутоа, користењето на спортскиот напиток се раширило откако почнал да го користи рагби екипата на Универзитетот. Таа го соборила рекордот во победи, а нејзините противници ја нарекле „тим на второто полувреме“.

Кога Геторс ја победил Џорџија со 27:12 во финалето во 1967- ма година, тренерот на поразената екипа им рекол на новинарите дека неговиот тим изгубил зашто „немал ‘геторејд’ кој ја направил разликата“.

Компанијата „Stoukli-Van Kemp“ ја откупила лиценцата и почнала маркетиншка кампања на продажба на „пијалок за шампиони”. „Pepsiko ink” денес е сопственик на брендот кој му донел на универзитетот повеќе од 110 милиони долари од 1973-та година.

Доктор Кејд рекол дека „Stoukli-Van Kemp” била против називот на пијалокот „геторејд”, сметајќи го за премногу старомоден, но анкетите покажале дека на потрошувачите им се допаѓа.

Според истражувањата од 2005- та година, „геторејд” држи 80% од 5,5 милијарди евра годишни приходи од продажба на спортски пијалоци.

Американскиот лекар не ни сонувал дека пијалокот кој им бил наменет на спортските екипи ќе дојде до „обичните“ потрошувачи:

„Никогаш не сум размислувал за комерцијална продажба. Финансискиот успех навистина не изненади. Горд сум што мојот напиток настана како последица на истражување за тоа што телото губи за време на вежбање. Останатите пијалоци ги создадоа маркетиншките компании“.

Откога е осмислена, формулата на напитокот е малку изменета. Вештачкиот засладувач го замени шеќерот, а од само 4-те вкусови сега ги има повеќе од 30 во САД и над 50 ширум светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here