СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Немошен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

78. Тежест

Не помина, а остана в срце
тежеста на гибелот
на сонот во кој споделувавме
оган до небо,
а опстојуваа
мојата и твојата самост
сѐ до мигот кога се струполи
стената што речиси
ја искачивме на врвот
на нашето достојание.

Веќе не крвави срцето
од таа тежест,
ами само пека за бдението
во кое нашето време
стана безвременско
играјќи незнајна детска игра
со безгрижни сенки.

Од таа тежест тоа
веќе не ме препознава,
ниту ме памети
како стамен и извишен
меѓу дамнешни мртви
и сѐ уште живи
предци и потомци.

Та затоа ние заедно
скоро ќе бидеме на јаве
река пресушена
во мртва природа.

Leave the first comment