Потребно време за читање: < 1 минута

24. Денес како ден
и нешто друго

Една жена во црвено
како во сонце на залез
ме чека надежно
исправена пред сон
за длабока
и безмерна љубов;
со плодни есени
и пролети,
гордо втренчена
во темни облаци
што полека го покриваат
врвот
на нејзиниот спокој.

Одамна околу мене
е сѐ празно;
одамна јас
носен на раце на сенки
од самотни луѓе;
тие одамна блиски
на лузната
на моето набрчкано чело;
дека долго била
отворена рана.

Куќата покрај неа
има стар багрем,
а под него клупа;
има пред неа
камена улица;
има и еден чајник
обесен заборавен
над одамна изгаснат
оган
опколен од ветришта
и магли.

Жената во црвено
како во сонце на залез
не ја догледувам,
не ја познавам;
а знаен ми е,
а го пематам водопадов
што паѓа до дното
на нејзиниот спокој.

Денес како ден
и нешто друго;
како миг
со почеток и крај

Прочитај и за ... >>  ДУМАЊЕ НА ГОЛЕМ И МАЛ ЧОВЕК, XXI, 76-100

без продолжение.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here