Потребно време за читање: 3 минути

Иако социјалните мрежи и кај нас, како насекаде во светот, се масовно прифатени, во најпопуларните се вклучени милиони, на многумина сѐ уште не им се јасни некои основни нешта. Па повеќе ги злоупотребуваат одошто ги употребуваат, ги сведуваат на изнесување лични ставови или на форуми (какви што ги има на илјадници на Интернет), на блогерај, а од сето тоа „највидлива“ е личната (не)култура и нетолеранција, неспособност од воспоставување и водење пред сѐ на социјален дијалог и политичка манипулација (особено во предизборна кампања).

Се разбира дека сето тоа и е „иманентно“ на секоја социјална мрежа, но…

Некои основни сознајни нешта

Социјалните мрежи се очигледно еден од најприфатливите начини на комуникација во 21. век. Тоа го потврдува не само нивното повеќемилионско „членство“, туку и секојдневното користење. Се работи за групирање на поединци во одредени групи, и тоа лично, на работни места, а пред сѐ online. Целите се разновидни (еднострани, двострани, повеќестрани; повремени и трајни)-од надминување-совладување на неприфатлива социјална позиција во општеството, разбивање на осаменичка „лушпа“, потреба за нови познанства, собирање и споделување на информации од заеднички интерес, заедничко хоби, до остварување на заеднички интереси. Треба да се има предвид можноста од комуникација со луѓе од целиот свет-од најоддалечени места, градови, земји, на сите континенти. Социјалните мрежи првенствено служат за „поопштествување“ на луѓето, нивна комуникација и постојан контакт, а дури потоа за забава и друго. Тие поврзуваат поединци или групи со заеднички статус, слични функции, културни и други сличности или заеднички интерес, а мошне важна функција е и сопствената презентација.

Прочитај и за ... >>  Како да се биде среќен?

Се разликуваат два вида на социјални мрежи: фокусирани на одредени интереси (наменети за групирање на одредени поединци, кругови, организации) и „без цел“ односно „традиционални“ (отворени за секого). Притоа е важно дека секогаш е на располагање можноста од креирање на сопствена мрежа на пријатели и елиминирање на членови кои не делат заеднички интереси и цели.

Сосема е погрешно социјалните мрежи да се изедначуваат со форуми за дискусија, а пред се за изнесување на политички ставови и нивно сопоставување на други-поинакви. Форумите, како и други online размени на пораки, како што е chat системот, потоа самоорганизирачки групи кои делат заеднички интереси, активна листа на податоци, се додатни можности за развој на социјалната интеракција.

Денешните социјални мрежи во најголема мера се бесплатни, но има некои што наплатуваат тн. додатни услуги. Единствен услов е што побрза Интернет врска, а понекогаш и периферни уреди какоweb камери или „headset“.

Социјалните мрежи се најдиректно поврзани со социјалниот маркетинг, и тоа претставува нов мошне успешен начин на комуницирање и промовирање. Некои експерти социјалниот маркетинг го сметаат дури за посилен од оној по пат на медиумите, пред се електронските (телевизија), а е сосема бесплатен или со мошне симболична цена. Го дефинираат како градење на односи со други, стапување во контакт и прифаќање од луѓе кои можеби никогаш нема лично да се запознаат. Тој е процес на промоција и на бизнис модел со маркетиншки ефект кој се пренесува од лице на лице преку целиот „глобус“.

Прочитај и за ... >>  Сакаат ли жените кавалери?

Треба секогаш да се имаат предвид можностите од лична и колективна злоупотреба на социјалните мрежи на Интернет. Се наведуваат „најважните“:

Зависност

Интересно: голем број на психијатри и психолози ширум светот известуваат дека им се јавуваат пациенти кои како причина за своите животни проблеми го наведуваат прекумерното користење на Facebooka. Препорака: пробајте да издржите еден ден без него, па ако тој ви мине во стрес и немир, дефинитивно сте зависни.

Загрозување на приватноста

Се има предвид тн. таговање-секој коментар на нечиј статус, фотографија, врска и сл. на сопственикот на профилот го „добива“ секој што е тагован (означен) на сликата и сите негови пријатели.

Злоупотреба на деца

Многу не користи забраната за користење на Facebook на деца до 13 години-доволно е при правењето на сопствен профил да излажат дека имаат на пример 15 години.

Злоупотреба на платежни картички и закани

Познат е тн. „fishing“ кој подразбира со помош на различни методи на социјален инженеринг од сопственикот на платежната картичка да се прибираат податоци. Постојат повеќе начини, а еден од најчестите е испраќање на „спам“ пораки во кои се напаѓа група, односно одредени корисници на една банка. Напаѓачот се претставува како лице од банката, администратор или кориснички сервис, на страницата на пораката става лолго и напомена дека дошло до одредени системски проблеми поради што е неопходно потенцијалната жртва на одреден наведен линк да ги внесе своите кориснички податоци за таа банка. Тие податоци потоа се препродаваат или злоупотребуваат за електронско купување.

Прочитај и за ... >>  Топ пет митови за контрола на домашниот буџет

Најпознати Интернет-социјални мрежи се Facebook. My Space, YouTube иTwiter.

Во енциклопедиските одредници постои прецизна дефиниција: таа е „општествена структура составена од поединци (или организации) ко се нарекуваат „јазли“, а кои се поврзани со еден или повеќе специфични типови на меѓузависност, како што се вредности, визии, идеи, финансиски интереси, пријателство, сродство, заеднички интерес, финансиска размена, недопаѓање, сексуални односи или односи на доверба, знаење или престиж. Резултирачката структура често може да биде мошне комплексна. Анализата на социјалните мрежи (во врска со теоријата на мрежите) стана клучна техника во модерната социологија, антропологијата, социолингвистиката, географијата, социјалната психологија, студиите за комуникации, информатичките науки, организационите науки, економијата, биологијата, а исто така како популарен предмет во други области“.

Се потенцира дека социјалните мрежи не треба да се мешаат со сервисите за социјални мрежи, како што се MySpace, Orkut, Facebook, Ning и др. или со виртуелните заедници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here