Потребно време за читање: 2 минути

За оние што се наоѓаат или допрва ќе заминат во нашите зимски туристички- скијачки центри, и за оние што рекреираат и за оние што професионално се занимаваат со некој од скијачките спортови, Меѓународната скијачка федерација (FIS) пропиша „Правила на сообраќајот и општото однесување на скијалиштата“.

Имајте го предвид предупредувањето на стручњаците- скијачи: се скија со глава 70%, а само 30% со нозе.

Имено, растечкиот скијачки свет на релативно исти тесни простори предизвикува метеж, сакани и несакани „судари“ и нетрпеливо однесување при користењето на жичниците.

Ски бонтон: 10 важни правила на патеката

1. Секој скијач е должен да постапува така што да не загрозува и не повреди друг;

2. Скијачот мора својата брзина и начинот на скијање да го прилагоди на своето знаење и вештина, како и на временските и другите услови на теренот;

3. Скијачот кој доаѓа одзади мора да го избира правецот така што да не ги загрозува оние кои се спуштаат пред него;

Прочитај и за ... >>  Во 2007-ма се „случи“ поздрав од гробот на Папата Јован Павле II

4. Заобиколувањето е дозволено озгора и оздола, од левата или од десната страна, но секогаш на оддалеченост која на оној што е заобиколен му остава доволно место за движење;

5. Скијачот кој се движи на патека за спуст или има намера попреку да го мине скијачкиот терен, мора со поглед угоре и удолу да се увери дека нема да се загрози ниту себе си, ниту да загрози други. Истото важи и за секоје заостанување;

6. Без посебна потреба, скијачот не смее да заостанува на тесни и непрегледни делови од патеката. Ако паднал, мора да се тргне што побрзо;

7. Скијачот смее да се качува само отстрана, по ивицата на теренот. Ако видливоста е лоша, мора сосема да се тргне од патеката. Истото важи и за скијачи кои слегуваат пеш;

8. Почитувањето на сообраќајните знаци е должност на секој скијач на скијачките терени. Знаците со жолта боја укажуваат на опасност. Знаците кои ја означуваат самата патека се со сина, црвена или црна боја, во зависност од тоа дали се работи за лесна, средно тешка или тешка патека;

Прочитај и за ... >>  За првиот освојувач на Монт Еверест

9. Во случај скијачот да се повреди на теренот, оние кои ќе се затекнат во негова близина се должни веднаш да му помогнат и да ја известат спасувачката служба;

10. Секој што е сведок или учесник во несреќен случај, без оглед дали самиот го предизвикал или не, е должен на барање на надлежниот орган ја ја покаже својата лична карта или соодветен идентификационен документ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here