Потребно време за читање: 2 минути

Доживување II

Како во многу други велеградови, и во Костец има две крајно спротивставени групи на видни луѓе, бизнисмени и политичари. Спротивставени не идеолошки или со гледиштата и стојалиштата за стварноста и перспективата, туку со заложбите за организацијата на секидневниот живот, особено неговиот квалитет. Притоа, нивната континуирана работа и дејствување не се насочени кон освојување на власта. Напротив, и едната и другата сметаат дека влијанието врз општеството, врз неговите процеси и и севкупниот развој е поголемо како опозиција. Особено во борбата против какво било дејание на секој поединец што се обидува да се наметне за зависноста да ја реализира како услов без кој не е можен никаков индивидуален или колективен напредок.

Едно време Корен Стаменоски со прекар Име сите во Костец, а особено видните луѓе, бизнисмените и политичарите од првата група го научија како човек со неколку лица. Најчесто молчаливец. Другата група, пак, го научи како сосема спротивен: голем и непријатен полемичар. Само неколцина му го знаеја вистинското-мислечка личност. Неколкуте лица му се самоодбрана. Како што им образложуваше и објаснуваше, за да не стане безличен или маргинален.

Прочитај и за ... >>  ШТОМ ЗАОДЕВ, СЕКАКО ЌЕ ДООДАМ или СЕКИДНЕВНИ НАСТАНИ И ДОЖИВУВАЊА ВО ЖИВОТОТ НА КОРЕН СТАМЕНОСКИ СО ПРЕКАР ИМЕ, минијатурен политички роман

Случајно или намерно, сеедно, на една јавна предизборна трибина, организирана за граѓаните на Костец со право на глас, се најде помеѓу двете групи на видни луѓе, бизнисмени и политичари. Немаше каде ни како, мораше да се прикаже со вистинското лице. Повеќемина и од едната и од другата група го прозваа, побараа да го искаже својот став за естетските вредности во животот на младите. Да не молчи, да не полемизира со која било нивна заложба, туку да каже што мисли.

Корен Стаменоски со прекар Име со рамнодушен, напати тивок глас кажа:

„Отсекогаш било и секогаш ќе биде докажано дека немирниот, пред сѐ творечки дух на младите раѓа и негува нови естетски вредности. Во нивниот живот тие ги придвижуваат народот и светот кон нови хоризонти. Нужно е да се поддржуваат и помагаат во нивната секидневна борба против безвредностите кои ја наметнуваат минливоста и ја деструираат стварноста“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here