Што се случува во моментот на смртта?

Потребно време за читање: 4 минути

Индиски мисионер што се преобратил во христијанин ја опишал својата средба со светците кои му објасниле што се случува во моментот на смртта и како изгледа животот потоа.

Индискиот мисионер Садху Сундар Синг, за кого се верува дека умрел во подножјето на Хималаите во 1929. година, е контроверзна личност која зад себе оставила мошне интересно дело: „Визии од духовниот свет“.

Роден и воспитуван во хиндуизмот, никако не можел да го најде својот мир, па по смртта на мајка му го измачувале мисли за самоубиство. Но еден ден му се укажал ликот на самиот Исус Христос во неговата соба, по што Синг клекнал пред него и, како што тврди, почувствувал неверојатен мир што го барал дотогаш.

Животот од тој момент му се изменил во целост-посакал да премине во христијанството, а иако татко му се одрекол од него, а брат му се обидел да го отруе, останал решителен во својата намера. Станал христијанин и почнал да патува низ светот проповедајќи го христијанството.

Следи одломка од неговата книга „Визии од духовниот свет“, на тема „Што се случува при смрт“:

„Еден ден, додека се молев во самотија, наеднаш се најдов опкружен од големо мноштво на духовни суштества, поголемо друштво на светци и ангели. Најнапред бев донекаде збунет, кога ја видов нивната блескава и величествена состојба, и со нив го споредив својот подреден квалитет. Но во истиот миг се смирив благодарение на нивната искрена симпатичност и со љубов вдахновеното пријателството. Веќе имав доживување на мир од Божјото Присуство во мојот живот, но дружењето со овие светци ми надодаде нова и прекрасна радост. Во текот на нашиот разговор примив од нив одговори на мои прашања што се однесуваа на тешкотиите за многу проблеми што ме збунуваа. Моето прво испитување беше за тоа што се случува во моментот на умирање и за состојбата на душата по смртта. Реков:

Прочитај и за ... >>  Коптска црква

„Ние знаеме што ни се случува помеѓу детското доба и староста, но не знаеме ништо што се случува во моментот на смртта или зад капијата на смртта. Правилна информација за тоа можат да имаат единствено оние од другата страна на смртта, откако влегле во духовното кралство. Можете ли да ни дадете каква било информација за тоа?“

На ова еден од светците одговори:

„Смртта е како сонот. При преминот нема болка, освен кај некои телесни болести и ментални состојби. Како што исцрпениот човек е совладан од длабок сон, така сонот на смртта му надоаѓа на човекот. Смртта на многумина им доаѓа така ненадејно, што тие единствено со големи тешкотии сфаќаат дека го напуштиле материјалниот свет и влегле во светот на духовите. Збунети од многу нови нешта што ги гледаат околу себе, тие замислуваат дека се во посета на некоја земја или град во физичкиот свет, кои порано не ги виделе. Дури откако биле поцелосно подучени, сфаќаат дека нивното духовно тело е поинакво од нивното поранешно материјално тело и признаваат дека, всушност, биле префрлени од материјалниот во светот на духовите“.

Друг таму присутен светец на моето прашање го даде овој натамошен одговор:

„Обично, во моментот на смртта телото ја губи својата способност за чувство. Тоа нема болка, туку е едноставно надвладеано со одредено чувство на поспаност. Понекогаш, во случаи на голема слабост или по несреќа, духот доаѓа додека е телото сѐ уште свесно. Тогаш духовите на оние што живееле без помисла за духовниот свет или за подготовка за влез во него, со оглед дека се така ненадејно пренесени во светот на духовите, се исклучително збунети и во состојба на големо патење поради својата судбина, така што во текот на прилично долг период мораат да останат во пониските и помрачните предели на преодната состојба. Духовите на овие пониски сфери често силно ги малтретираат луѓето во светот. Но, единствени на кои можат да им наштетат се оние што се со сличен ум на нив, кои со нивната сопствена волја ги отвораат своите срца за да ги примат. Тие лоши духови, обединувајќи се со останатите лоши духови, би направиле исклучителна штета во светот, ако Бог насекаде не одредил неброени ангели за заштита на Своите луѓе и Неговото создавање, така што Неговите луѓе се секогаш сигурни под Негова заштита (Псалм 91)“.

Прочитај и за ... >>  Библијата и библискиот Бог

„Лошите духови можат да ги повредат единствено оние во светот што се со слична природа како и тие, и тогаш тоа можат да го направат единствено во ограничена мера. Тие можат, навистина, да им додеваат на праведните, но не без Божја дозвола. Бог понекогаш навистина му дава на Сотоната и неговите ангели дозвола да ги искусува и прогонува Неговите луѓе, така што од искушението да излезат посилни и подобри, како кога на Сотоната му дозволи да го прогонува Неговиот слуга Јоб. Но од таквото искушение верникот повеќе добива одошто губи“.

Друг од присутните светци како одговор на моето прашање додаде:

„Многумина, чии животи не му биле предадени на Бога, кога треба да умрат како да паѓаат во несвест; но она што всушност се случува е дека кога ги догледуваат одвратните и ѓаволските лица на лошите духови што ги опкружиле, тие занемуваат и се парализираат од страв. Во друга рака, умирањето на верникот е често сосема наспроти ова. Тој е исклучително среќен зашто гледа ангели и свети духови кои му приоѓаат за да му посакаат добредојде. Потоа исто така, на неговите сакани, кои умреле порано, им е дозволено да бидат крај неговата смртна постела и да ја водат неговата душа во духовниот свет. При влегувањето во светот на духовите тој во истиот момент се чувствува како дома, зашто не само што се со него неговите пријатели, туку тој, додека се наоѓал во светот, себе си одамна се подготвил за тој Дом со помош на неговата доверба во Бога и заедништвото со Него“.

Прочитај и за ... >>  Мистицизам

Потоа се јави и четврти светец:

„Да се воведуваат душите на луѓето од светот, тоа е ангелска работа. Обично Христос во духовниот свет Себеси му се открива на секој во степенот на славата, кој се разликува во согласност со состојбата на духовниот развој на секоја душа. Но во некои случаи, Тој Самиот доаѓа на смртната постела за да му посака добредојде на Својот слуга и во љубов му ги брише солзите и го води во Рајот. Токму како што детето кое се раѓа во светот открива дека е снабдено со се што му е потребно, така исто душата, при влегувањето во духовниот свет, открива дека сите потреби и се задоволени“, рече тој“.

Leave the first comment