Home ЗАБАВА Eppur si muove Што е апсинт?

Што е апсинт?

399
0
Потребно време за читање: 3 минути

Се чуле за absinth?

Апсинтот е пијалок, но е пред сѐ лек врз база на пелин, со проѕирна зелена боја, „нешто како искушение на ѓаволот“.

На повеќе сајтови, блогови и форуми може да се сретне следниов текст-„приказна“ за апсинтот:

Растението Artemisia absinthium (пелин) во медицината се употребува против сите можни болести повеќе од 3 500 години. Апсинтот каков што го познаваме денес ја содржи токму оваа наизглед безопасна состојка. Меѓутоа, својата слава овој пијалок му ја должи на активната сусптанција на пелинот-тијонот, како и на фактот дека тој содржи исклучително високо ниво на алкохол, околу 70%. Тијонот има речиси идентична геометриска структура со молекулата Tetrahidrokanabinola (T.H.C.), активна супстанција на марихуаната, па нему му се припишуваат сите приказни за халуцинации што ги доживуваат љубителите на апсинтот. Интересно е дека тијонот во многу земји не се смета за наркотик туку за отров, што помогнало апсинтот да се легализира во речиси сите држави само под услов да содржи помалку од 10 мг на тијон по литар.

Апсинтот го пронашол во 1792. година францускиот доктор Пјер Ординер, кој го користел како „лек за сѐ“. Анри-Луј Перно доаѓа до овој рецепт и во 1797. ја отвора првата дестилација на апсинт во Швајцарија, а во 1805. се преселува во Франција и отвора уште поголема компанија за производство на апсинт во Понтарлје. Не минало многу време, а во војната со Алжир француските трупи го добиваат овој пијалок како превентива од грозница и маларија. Не е чудно што по враќањето на тие војници дошло до брз пораст на популарноста на апсинтот во Франција и набрзо прераснува во заштитен знак на париските писатели и сликари кои ја оживуваат замрената боемска сцена.

Во уметничките и декадентни кругови на 19. век многумина писатели и сликари тврделе дека апсинтот им донесува инспирација, но ги имало и оние потрезвени кои признале дека „зелената муза“ им го уништила животот. Како што рекол Фил Бејкер, апсинтот бил толку популарен зашто луѓето верувале дека ќе ги убие-тоа е флерт со смртта, соочување со опасноста и нешто возвишено во тој ризик. Дури и самиот ритуал на испивање на апсинтот во себе содржи нешто мистично и необично.

И Ван Гог една вечер по испиена преголема доза на количество на „зелен отров“ кренал рака прво на сликарот Пол Гоген, а потоа и на себе отсекувајќи си го увото. Никогаш не е утврдено дали Гог имал ментални проблеми поради зависноста од апсинт или, пак, тоа била наследна црта.

Зелената боја била присутна и на платна на големи сликари од тоа време, како што се Едгар Дега и Едуард Моне. Подоцна Пикасо сликал слики инспирирани со апсинт. Позната е неговата слика „Девојка в кафеана“ која испива апсинт, но подоцна минал во фаза во кога не се гледа точно што е на сликите, па не знаеме дали апсинтот и натаму му бил мотив.

„Најзагрижени“ секако биле Едгар Алан По, со чиј имиџ совршено се согласува „зелената смрт“, за него биле „врзани“ и Пол Верлен и Артур Рембо, како и Ернест Хемингвеј кој постојано шверцувал апсинт со себе и по неговата забрана, а под чие дејство го напишал и романот „За кого бијат камбаните“.

Пред се, апсинтот бил феномен на тогашната субкултура, средство за создавање на заеднички идентитет. Она што се LSD и марихуаната за хипи културата, или екстази за субкултурата на денешницата, на боемите им претставувала чашка „зелен демон“.

Се зборува дека и Мерлин Менсон и Џони Деп понекогаш прават апсинт журки.

Кога во една пригода лондонски келнер одбил на Еминем да му тури повеќе од две чашки апсинт (тоа е дозволената доза во многу кафулиња), овој го закупил целиот бар за да може на мира да се напие.

И многу други познати личности се кријат дека уживаат во друштво на „зелената самовила“: Офспринг, Леми (од групата Motorhead), Најн Инч Најлс, Хилари Клинтон (фатена со чашка апсинт за време на посета на Чешка), па дури и самиот папа кој апсинт пиел во Шпанија, кога во остатокот на Европа веќе бил забранет.

„Кога првпат го пробав, имав впечаток дека ми експлодира на јазикот и ми испари низ ноздрите. Почувствував како топлина ми слегува низ грлото и гори во стомакот. Ефектот беше моментен. Како да ми е вбризган директно во крвотокот“, изјавил Џон Мор, некогашен член на бендот „Jesus and mary Chains“ кога во Прага првпат пробал апсинт.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here