Потребно време за читање: < 1 минута

5. Нивното сопатништво

Нивното сопатништво не е обично, исто како секое друго на пријатели, блиски или на брачна двојка. Баш затоа нивната врска е и пријателска и блиска и брачна. Со еден  збор, мошне цврста, засега и според него и според неа нераскинлива.

И тој и таа имаат право нивното сопатништво да го сметаат за неспоредливо со кое било друго ним знајно. Прво дека секој си има свој пат и сам оди по него, со сестрана поддршка на другиот, а потоа заедничкиот им има иста вредност и значење. Исто така, прво дека нивните одделни патишта ги чуваат и одржуваат заеднички, за нив се грижат заедно, а потоа нивниот заеднички пат се трудат колку може почесто да се вкрстува или да е наспореден со нивните.

Се разбира, не се само патиштата што го прават нивното сопатништво необично. Има уште многу други нешта, од кои можеби најважно: заедно се, целосно се препуштаат еден на друг и кога се заедно и кога се разделени, и кога се близу и кога се далеку. Љубов? Да, но за обајцата и многу повеќе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here