Јаболкото потекнува од Азија, северозападниот дел на Хималаите, а е распространето во сите делови на светот.
Во свежа состојба јаболкото има најголема употребна вредност: сокови, сируп, компот, желе, мармелади, кандирани и сушени јаболка, вино, оцет од јаболка итн.
Се препорачува секој да изеде најмалку 40 кг плодови годишно.
Плодот од јаболкото содржи: вода од 76,7% до 88,5%, суви материи 11,5%-13,2%, шеќер 7,4%-24,2%, киселина 0,16%-1,27%, танински материи 0,06%-0,3%, минерални материи 0,10%-0,42%, белковини 0,18%-0,42%. Од витамините содржи: Ц, А, Б1, Б2, Б3, Б6, ПП и др. Енергетската вредност на плодот изнесува 210-260 џули.
Што се лечи јаболкото: пролив, затвор, цревен и желудочен катар, чир, чукање на срце, ишијас, анемија, нервоза, депресија, главоболка, несвестица, кашлица, повраќање, хемороиди, болести на забите, изгореници, опаѓање на косата, црвенило на лицето и носот, подобро работење на срцевите мускули, нега и регенерација на кожата и др.
Позната е народната изрека:
„Кој јаде по едно јаболко на ден (додаваме: особено наутро на празен стомак), лекар не доаѓа кај него“.
Од многубројните рецепти за приготвување на разни лекови од јаболко пренесуваме само неколку:
1. За подобро работење на срцевите мускули: 3 пати дневно да се пие сок исцеден од зрели свежи јаболка, и тоа по една чаша на половина час пред јадење или еден час по јадење;
2. Против депресија или потиштеност: бањање во топла вода на која и се додаваат 5 литри оцет од јаболко и 1 литар чај од бобинки од смрча. По капењето да се испие 1 чаша свеж сок од јаболко засладен со мед или чаша вино од јаболко;
3. Против несвестица, главоболка поради зголемен крвен притисок: се пие вино од јаболко и се ушмркуваат по 10 капки оцет од јаболко в нос, 3 до 4 дена претпладне и попладне;
4. Против чукање на срцето: 3 пати дневно се пие по 1 чаша сок од јаболко исцеден од зрели и свежи плодови;
5. За јакнење на организмот и неговата отпорност: плодови од јаболко, мушмула, дуња, капина, рибес (врапчино грозје), се киселат околу 10 дена во црно вино, а потоа се пие 3 пати на ден по 1 чашка на 30 минути пред секој оброк;
6. Против опаѓање на косата: јаболко да се вари како за компот (без шеќер), а потоа на овој чај да му се додаде сок од бреза, па со добиената смеса да се мачка и масира кожата на главата;
7. За снижување на крвниот притисок и нервна напнатост: 3 пати дневно да се пие чаша вода со 2 лажици оцет од јаболко или 3-4 чашки сок од јаболко;
8. За слабеење: наутро на гладно срце да се пие чаша вода со 1 до 2 лажици оцет од јаболко без засладување. Терапијата трае 60 дена;
9. За отстранување на замор: по капење телото добро да се истрие со разблажен оцет од јаболко.
Правило „Ден на јаболкото”:
Еден ден во неделата задолжително да го одредите за „Ден на јаболкото”, односно ден кога ќе јадете само јаболка во неограничени количества, без земање на друга храна.
Еве како ја препорачуваат еднодневната диета со јаболка: