Потребно време за читање: < 1 минута

15. Исправен на заод

Ми кажува заодов
мене, сè уште исправен,
дека во срцето и во свеста
насобрал секакви
сомнежи, минливости,
неизвесности, страсти,
залудности, бессилности;
од никого повладани,
оставени или заборавени
во мојов предел
плоден и сушен,
жизнен и пуст,
догледен и неомеѓен
од ранети, па мртви воини
незнајни,
без минато и сегашност,
собудени.

Стојам јас исправен
на заодов,
како по него сал
мрачнина ќе ме обвива
од земја до небо,
од надземи до подземи,
од корен до семе,
од полет бескрилен
до самосвест без време.

Безбоен е, снеубавен,
самоволен, ненадеен.

Белки не и мој последен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here