Потребно време за читање: < 1 минута

17. Во лет

Веќе подолго време сум во лет
над облаци и ветар
што смислено освојуваат
безживотна земја,
едновремено населувајќи ја
со безимени крикови
страдални.

Притоа најмногу внимавам
да не ме погоди в срце молња
или крило да не ми прекрши,
та никој повеќе да не ме догледа
на моето вишно небо.

Секогаш кога сум во лет
надежно му запејувам на сонцето
пред мене угреано;

дека заедно со јато птици
преселни,
што скоро ќе полета кон знајна
питомина,
ќе ги надминам сите мои
сомненија самотнички,
опстојувачки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here