јуни juни
Потребно време за читање: 2 минути

Јуни, шестиот месец во годината, има 30 дена. До Цезаровата реформа бил mensis junius (според името на римскиот род Јуниус), четврти месец во годината.

Наречен е јуниус во чест на главната божица на сите жени и на жените Јупитерови – Јунона.

Јунона е едно од трите најголеми божества на римскиот пантеон; божица на Месечината и породувањето, заштитничка на бракот и покровителка на мажените жени. Со време, таа станала божица на семејството, покровителка на Рим и заштитничка на целата римска држава.

На самиот почеток Јунона е сметана за заштитничка на духот на мажите- Гениј, а под влијание на грчките митови се развила во сестра и жена на Јупитер- грчкиот Зевс, и ќерка на Сатурн и божицата Опс- грчките Крон и Реја.

Државниот култ на Јунона се славел во исто време кога се славел и Јупитер, а во нејзина чест на 1. март мажените жени ги славеле Матроналиите; за тој ден добивале подароци од своите мажи и роднини. Во чест на Јунона, Римјаните и ги посветиле и првите денови во месецот и месец јуни, а како и Хера, нејзиниот грчки пандан, имала животни како свои атрибути и симболи.

Прочитај и за ... >>  Kонцептуална уметност

Јунона е покровителка на законитиот брак. Како божица на венчавањето, таа се нарекува Domiduca (која ја носи вереницата во домот на мажот) или Cinxia (која ја носи невестата во брачната постела).

Јунона е славена и како божица на плодноста во поширока смисла. Како божица на почетокот на секој месец (календи), Јунона е култно поврзана со богот Јанус.

На Јунона и доделиле јато гуски- во знак на сеќавање на „гуските што го спасија Рим“. Имено, се верувало дека гуските, чувани во нејзиниот храм на Капитол, со своето гакање ги предупредиле Римјаните на напад од страна на Галите кои го опседнувале Рим. Други животни на Јунона се паунот, змијата и козата. Нејзе и се жртвувани бела крава, чии рогови често биле позлатувани.

За месецот јуни ние Македонците имаме неколку свои имиња со симболичко значење

Црвеник – жетвар (и двата назива важат и за месец јули) – според црвенината на изгревот; во народната поезија: „ми помрзнае до три гемии/ во среде лето, во црвеника“.

Прочитај и за ... >>  Книжевните награди

За називот жетвар не треба објаснение- жетвените работи се одвиваат во овие два летни месеца; –изок– веројатно доаѓа од изогласување, разогласување, симнување на оглавот; –рамник, сенокос– време на косење; -се вика уште и жетелник.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here