Потребно време за читање: 2 минути

-10 американски неми филмови, за кои долго се верувало дека се неповратно изгубени, се пронајдени и се придодадени на колекцијата од 700.000 ролни сместени во специјален бункер во Националниот центар за аудио-визуелна конзервација (NAVCC), во сојузната американска држава Вирџинија.

Како што пренесоа светски агенции драгоцените остварувања, кои руските власти им ги вратиле на САД кон крајот на 2010. година, им биле доверени на реставрација на техничарите од овој ултрамодерен објект на американската Конгресна Библиотека, сместена околу 115 километри од Вашингтон.

Помеѓу нив е филмот „Арапин“ (1924) на Рекс Инграм, режисер кој направи ѕвезда од Рудолф Валентино. Останатите се вестерни, комедии и драми кои ги снимиле прочуени режисери на тоа време, но чии наслови за жал се заборавени.

Старите филмови ја зголемија постојната збирка на филмови, телевизиски емисии и радио снимки што се чуваат во овој бункер, првобитно наменет за складирање на банкноти и монети во случај на советски нуклеарен напад. Во текот на 20-тите години на 20. век се користени нитратни филмски ленти кои биле лесно запалливи, посебно ако би биле изложени на топлина.

Многу остварувања од тоа време така засекогаш исчезнале или се само делумно сочувани.

„Американските студија снимале филмови како на лента ѝ ги продавале ширум светот“, изјави Патрик Лафни, директор на NAVCC, објаснувајќи зошто одделни филмови се сочувани во странски, а не во американски архиви.

Прочитај и за ... >>  Книжевен речник: историја, теорија, критика

„Ако сте сакале, на пример, филмови со Фред Астер, било доволно да почекате да излезе нов. Странските земји на кои сме им ги продавале тоа го следеле повнимателно од нас“, додаде тој.

Тие филмови го преплавиле рускиот пазар од 1910. година и продолжиле да се продаваат и по револуцијата се до Втората светска војна.

Русите, пак, со големо внимание ги чувале старите филмови, а на САД им предале квалитетни дигитални копии на 10 неми филмови кои би можеле да бидат вратени во 35-милиметарски формат. Меѓутоа, пред тоаNAVCC има намера да ја врати англиската верзија на текстот кој се појавувал помеѓу одделни сцени во филмовите.

Имено, во сегашната копија на „Арапин“, што ја вратиле Русите, Рамон Наваро, кој глуми млад бедуин вљубен во ќерка на католички мисионер, „зборува“ на кирилица.

Стручњаците на NAVCC ги пребаруваат архивите ширум САД за да пронајдат оригинални, англиски титлови, информира Лафни, споредувајќи го нивниот напор со работата на археолозите.

Прочитај и за ... >>  Симболичкиот говор на годишните доба

Нов Зеланд исто така им вратил стари филмови на САД, а претставници на NAVCC моментно работат со францускиот Национален кинематографски центар поради враќање на околу 20.000 ролни стари филмови.

 

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here