Помеѓу најпопуларните традиционални спортови во Јапонија спаѓаат: џудото, каратето, кендо (мечување со дрвени мотки) и сумо (борење).
При натпреварите во сумо борење се сретнуваат двајца тешки борачи, често потешки и од стотина килограми, во тркалезен ринг со под од набиена земја. Откако ќе ги извршат ритуалите на поклонување, клечење, тапкање со нозете, перење на устата со вода, и посипување на подот со сол, борачите се фаќаат во костец обидувајќи се со сила едниот да го исфрли другиот од борилиштето или да го фрли на земја. Во Јапонија 6 пати годишно се одржуваат турнири на професионални сумо борачи, а според резултатите на победниците им се доделуваат рангот и платите.
Се разбира, во Јапонија се мошне популарни и други спортови: бејзбол, пинг-понг, ракомет, тенис, пливање, бокс, скијање, итн.