Потребно време за читање: < 1 минута

Подвлекуваме- акцентираме:
“Ова не е топ листа-МММ” со својата концепција претставува негација на општоприфатената функција и цел на топ- листата; нејзино сосема поинакво дефинирање; таа да претставува селекција на македонската и странската музичка продукција според утврдени критеиуми.

Нашиов проект ‘Ова не е топ листа-МММ’ претставува основа, темел, ‘појдовна позиција’, за една поинаква топ- листа која има друга, многу значајна функција и димензија: во рамките на една посебна програмска концепција, еден поинаков, а непоходен тип на радио- мултикултурно радио, да ја афирмираме и развиваме ‘мултимузичноста’, музичкиот ‘соживот’, почитувањето и негувањето на музичката разновидност, различност.

Топ листа: листа на песни- хитови рангирани според одреден или одредени критериуми. Субјективни. Најнапред. Колку критериумите овозможуваат рангирање?

Разликите се во нијанси? На пример, 20- то место поради само два- три составни, не и четири (пет би биле премногу, нели?) делови и нивна дисонантност (помеѓу рефренот и другите делови). Или, на пример, аранжманот кој не ја следи доследно основната тема, и премногу упростената инструментација? Дали е возможно нијансирање- рангирање според еден или друг- други критериуми од 20-то до 10-то место. Сепак, Интересно е, мислам…забавно. И необврзно.

Прочитај и за ... >>  Политоника, епизода 4

[mixcloud https://www.mixcloud.com/Avizo/политоника-музичка-енциклопедија-емисија-3/ width=100% height=120 hide_cover=1]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here