Потребно време за читање: < 1 минута

16. Дело со видело

Не се создаде само од себе
ова дело со видело
на човек буден и стамен
исправен и делотворен
дотолку што да не може
никој да му одземе
од нефовата лична слобода
и самобитност
ова дело на видело
за луѓе будни и стамени
исправени и делотворни
дотолку што да не може
никој да ги дотурка на раб
на безнадежие
особено не да ги направи
слепи и глуви за што било
што надоаѓа
како бистра вода од извори
несекливи нескротливи
станува збор за дело
со видело во срце огнено
создавано и создадено
од глад жед јад беда страд
од пајакови нишки
за да не може никој зол
ниту некој злонамерен
да продре во него
та да му ја одгатне смислата
на постоењето
особено на виделото
во неговото срце огнено
та пајакот создател
да го наваса да го умртви.