Група израелски научници со помош на софтвер откри нови детали за Библијата. Програмата ги анализирала стилот и изборот на зборови на одделни делови од текстот и проверува дали го напишал еден или повеќемина автори.
Најпочитувана книга на светот
Библијата е можеби најпочитуваната книга на светот, но е наедно и една од оние што најчесто се цитираат погрешно.
Една табу или антитабу тема: каков е всушност односот на Библијата спрема сексот? „Песната над песните“ е неверојатно секси, дури и премногу: „Кралот ме повика кај себе во одаите. Ќе ја ликуваме и ќе ја величаме својата љубов повеќе од виното. Со право те сакаме“, вели Стариот завет.
– Применет на Библијата, алгоритмот на софтверот го потврдил она што ерудитите веќе го утврдиле-дека во Светото писмо постојат повеќе различни „гласови“.
Изралеската компјутерска програма – дел од подобласта на студиите за вештачка интелигенција, позната под називот авторска атрибуција, има широк дијапазон на потенцијални примени-од криминалистички истраги до развој на нови компјутерски програми за писатели.
Библијата со својот обем и комплексност претставува вистински предизвик за креаторите на новиот алгоритам. За милиони Еврeи и христијани Бог е авторот на основниот текст на хебрејската Библија – Тора, позната и како Петокнижие или Пет книги Мојсееви. Меѓутоа, повеќевековното проучување откри дека Светото писмо го напишале неколкумина автори, чија работа се разликува врз основа на посебни лингвистички стилови, идеолошки матрици и различни називи за Бог.
Свето писмо
Денес истражувачите Светото писмо го делат на два дела-еден за кој веруваат дека го напишал еден или група на автори, кој го нарекуваат „свештеничко“ предание, додека остатокот му припаѓа на тн. несвештеничко предание. Тие детално ги проучиле и анализирале текстовите за да утврдат кои делови ѝ припаѓаат на која група на автори.
Со примена на новиот софтвер врз Петокнижието востановена е речиси идентична поделба. До совпаѓање на софтверската анализа со традиционалната академска поделба се дошло во 90% случаи.
„Она за што на ерудитите им требале години трпелива работа, компјутерскиот софтвер го изврши за сенасе неколку минути“, изјави професорот по компјутерски науки и водач на истражувањето Моше Копел, од Бар Илан Универзитетот во Тел Авив.
„Со автоматизираниот метод успеавме да извршиме краток преглед на неколку векови макотрпната мануелна работа“, наведе израелскиот тим во студијата презентирана на годишниот собир на Здружението на компјутерска лингвистика во Портланд, во сојузната американска држава Орегон.
Софтверски алгоритам за библијата ?
Делот во кој компјутерската програма отстапува од анализата на ерудитите би можел на истражувачите да им даде нови интересни насоки.
На пример, за првото поглавје од книгата на Постоењето обично се верува дека му припаѓа на „свештеничкото“ предание, но софтверот упатува на спротивен заклучок. На сличен начин за книгата на пророкот Исаија се верува дека ја напишале двајца автори и оти вториот продолжил да ја пишува од 39-тото поглавје. Резултатите од софтверот потврдуваат дека книгата има двајца автори, но сугерира дека вториот автор почнал со пишување 6 поглавја порано, т.е. од 33-тото.
Во изминатата деценија истражувачите сѐ повеќе користеле компјутерски програми за пребарување и споредување на библиските текстови. Новина во израелскиот е во тоа што тој научните критериуми ги применува со помош на технолошко орудие кое според многу нешта е помоќно од човечкиот ум, наведува Мајкл Сигал од Хебрејскиот универзитет, кој не учествувал во проектот.
Пред својот софтвер да го применат врз Петокнижието и други библиски текстови, истражувачите прво морале да извршат тест со кој ќе докажат дека алгоритмот е во состојба да разликува еден автор од друг. За тој тест измешале делови од книгите на пророкот Езекиел и на Еремиј во еден текст кој потоа го анализирале. Програмата текстот „речиси совршено“ го наредил во адекватни целини.
Други истражувачи користеле слични алгоритми за да идентификуваат непознати писатели. Во текот на 90-тите години на минатиот век професорот по англиска книжњвност Доналд Фостер, од Васар колеџот, успеал на тој начин да го открие името на анонимниот автор на една книга користејќи помали детали како интерпункцијата. Во 2003. година Копел со тим на истражувачи развил софтвер кој можел речиси 100-процентно да утврди дали авторот е маж или жена. Притоа откриле дека жените далеку повеќе користат лични, а мажите показни заменки. Успехот на овој проект поттикнал дебата за тоа како половите ги обликуваат нашиот начин на размислување и комуникација.
Ваквите истражувања имаат потенцијална примена и во водењето на криминалистички истраги, така што на полицијата и помагаат да откријат измамници и плагијатори.
Бидејќи со анализа можат да утврдат пол и години, новите алгоритми би можеле да им помогнат на огласувачите подобро да ги насочат своите рекламни кампањи спрема целните групи.
Новиот софтвер би можел да се користи и за проверка на автентичноста на текстот, на пример на Шекспировите дела, за дефинитивно да се реши прашањето на нивното авторство и евентуалното коавторство;
-Политичарите, тренерите, говорниците, сите типови на луѓе цитираат реченици кои всушност немаа врска со Библијата, велат свештеници!
Реченици од типот: „Бог им помага на оние што си помагаат на самите себеси“ или „Сатаната ја искушувал Ева да собере забрането овошје од рајската градина“ не само што не се појавуваат во Библијата, туку се и антибиблиски.
„На своите часови по религија понекогаш ја цитирам Книгата на искушението 4:3 „Нема внатрешни бунтови во рајот“ и потоа чекам да видам дали некој забележува дека не постои таква книга во рамките на Библијата, а со самото тоа ниту цитатот гласи така“, изјавил Стив Боума- Предиџер, професор на Колеџот во Мичиген.
Само неколкумина студенти реагираат, зашто всушност не сакаат да забележат-луѓето главно ги знаат оние пасуси од Библијата што го засилуваат нивното убедување, смета професорот.
„Многумина кои се колнат во Библијата и ја обожаваат, всушност никогаш не ја прочитале“ потенцира Рами Сапиро кој еднаш морал да убедува свој студент на Тенеси државниот универзитет дека изреката „Овој пес нема да лови“ не се појавува помеѓу библиските посланија:
„Тие паметат делови од текстот што ги поврзуваат за да ја докажат библиската основа за она во што веруваат, но проблемот е во тоа што го игнорираат текстот во целина“.
Игнорирањето не е единствена причина за настанувањето на фантомски библиски цитати. Битен фактор е и конфузијата. Повеќе популарни реченици се парафразирање на библиски концепт со додаток на народна мудрост.
Наклонетоста кон кратки и певливи изреки исто така може да биде објаснение за овие „цитати“. Псевдо-стиховите функционираат како теолошки песни-суштината на библискиот концепт.
Луѓето цитатите можат да ги сфатат погрешно, но постои и голем број на искасапени и преправени библиски приказни. На пример, во списите никаде не се вели дека кит го проголтал Јона, старозаветниот пророк, ниту во Новиот завет е запишано дека токму тројца мудреци го посетиле Христа по раѓањето.
Овие детали можат да делуваат безначајно, но научници напомнуваат дека една фантомска приказна станала попозната од својот оригинал: старозаветната книга на Постоењето, првата книга Мојсеева за создавањето на светот и пропаста на човештвото.
Многумина луѓе ја знаат популарната верзија- Сатаната во вид на змија ја искушува Ева да собере забранет плод, јаболко од Дрвото на животот. Меѓутоа, Библијата никогаш Сатаната не го сместила во рајската градина.
Погрешното сфаќање на библиските списи можеби не делува премногу значајно, но може да биде мошне опасно, напомнуваат научници.
„Бог им помага на оние што си помагаат на самите себеси“-е уште една позната реченица што не се спомнува никаде во Библијата, но многумина мислат дека токму оттаму потекнува. Вистината е дека му се припишува на Бенџамин Франклин, еден од татковците на американската нација.
„Наклонети сме често на Библијата да и припишуваме сопствени вредности и морални начела“, истакнува Сидни Вајт Крауфорд, професор по религиски студии на Универзитетот во Небраска.
Причините се различни и датираат со векови наназад. Некои од овие „интерпретатори“ се изгубиле во текот на историјата-уметници и раскажувачи кои преправале библиски приказни давајќи им сопствен пресврт.
Некои го обвинуваат кралот Џејмс I Стјуарт, доведувајќи го во прашање неговиот мошне популарен превод на Библијата. Оваа верзија доминира на пазарот во изминатите 400 години.
„Денес постојат толку различни преводи, што е речиси невозможно да се утврди всушност која е вистинската верзија на текстот“, вели Даглас Јакобсен, професор по црковна историја и теологија на Месија колеџот во Пенсилванија.
Други, пак, сметаат дека главен виновник е Мартин Лутер, германскиот монах кој бил иницијатор на протестанската реформација, масовен бунт против римската црква што довел до создавање на протестанска црковна доминација.
„Протестантската традиција се залага Библијата да може да ја чита секој, без предзнаење или клерици кои би ги упатиле и евентуално би ги поминале низ текстот“, истакнува Крег Хезен, од Универзитетот во Јужна Калифорнија. „Токму тие се луѓето кои не само што погрешно ја сфаќаат содржината на оваа света книга, туку често имаат и потреба да цитираат реченици кои во неа никогаш не биле напишани“;
Каков е односот на Библијата спрема сексот?
Од „Песната над песните“: „Ме поведе во куќата за прослави. Неговата власт над мене беше љубов. Задржи ме со грозје и освежи ме со јаболка. О, да му е левата рака под главата, а со десната да ме прифати“.
Дека се зборува за љубов е сигурно, но каков вид на љубов? Дали е тоа љубов како емоција, нешто што сосема соодветствува на библиското поимање на сексуалноста? Или е тоа љубов помеѓу жена и маж која вклучува и секс и страст?
Антони Пајлс, студент на докторат на МекМастер дивинити колеџот, специјализиран за Стариот завет, мисли дека зборот „љубов“ во „Песна над песните“ го изгубил моќното значење во текот на вековите. Протестантскиот студент во Мисисипи пред неколку години открил фуснота која вели дека љубовта во оваа смисла преведена од хебрејски е всушност „водење љубов“. Неговиот професор бил сомничав дека таков превод би бил премногу сексуален и сензуален.
Меѓутоа, Пајлс се прашува кој е правилен превод и кои прашања тој би поставил во врска со библиското сфаќање на сексуалноста.
Ако е тоа водење љубов, тогаш воведните стихови во „Песна над песните“ или „Песните Соломонови“ би поставиле и со себе би повлекле мошне сериозни прашања: „О, да ме љубиш со бакнежите на своите усни! Твојата љубов е поубава од виното…“.
Ако е тоа љубов во нејасна, сексуална смисла, тогаш е тоа сосема основано религиски: додворување, брак, па консумација. Ако е водење љубов, тогаш тоа претставува проблем.
Пајлс вели: „Ако е збор за водење љубов, тогаш сопругата ги познава сите вештини и пред стапувањето во брак. Вечна дилема“.
Можно е поранешните преведувачи да го сфатиле поимот како водење на љубов, но тоа во времето се изгубило и станало нејасно. Проблем е и што луѓето читаат речиси сосема наративно. Ако го користиме хебрејскиот превод, се чини како двајцата да воделе љубов и пред бракот, а тоа создава проблем во религиската сексуална етика.
„`Песната над песните` зборува за љубовта помеѓу луѓето, сексот и сето тоа го става заедно. Не зборува дали е тоа пред бракот или потоа. Ако го нарекуваме водење на љубов, не ги минуваме границите на религискиот морал ако книгата ја читаме во целост“, вели Пајлс.
Начинот на кој треба да се чита книгата, советува тој, е да се замисли преубава љубовна приказна помеѓу две лица, „како што е Божјата намера“ на почетокот на светот. Таа нагласува и дека во Постоењето Еден е замислен како идеал.
„Кога Адам ја здогледува Еве вели `Вау!`, а потоа се вели: `Мажот и неговата жена беа голи и без срам`. Така морало да биде. Библијата се занимава со прашања со кои човечкиот род се бори со векови. Таа зборува за сексот, но за него не се зборува во црквите. Поради тоа остануваме без одговор на прашањата што Библијата ги поставува, зашто во најдобар случај сето тоа е неважно, а во најлош не соодветствува на прашањата што ги поставуваме“.