Потребно време за читање: 5 минути

Во светот, особено во развиениот, поточно во светските центри постојат и постојано се отвораат сѐ нови и нови музеи. Многу од нив се специфични, бизарни, па и несфатливи, особено ако се има предвид суштинското значење на институцијата музеј.

На пример, Индонезија во провинцијата Ацех, во знак на сеќавање на околу 170.000 луѓе кои загинаа во цунамито во 2004. година, изгради музеј на цунами. Тој е сместен на ритче во зграда која изгледа како традиционална куќа, а претставува симбол на силата на населението во соочувањето со трагедија од такви размери. Локалитетот служи и како престојувалиште во случај на местото повторно да му се заканат големи бранови. Музејот има дел во кој посетителите можат да видат како изгледа цунами, како и компјутери на кои можат да ги пронајдат сите информации поврзани со таа појава.

Во Холандија, пак, една зајачица доби музеј. Се работи за Miffy, чиј автор е Дик Бруна, позната на најмладите ширум светот. Miffy, која настанала во 50-тите години на 20. век и секогаш се прикажува од лицето или од грбот, заокружени со чиста црна линија, доживеа десетина авантури кои се раскажани во четвртести сликовници со силни основни бои и кои го обиколија целиот свет. Повеќе од 85 милиони сликовници, преведени на 40 јазици, се продадени од 1955. година, кога Дик Бруна ги објави првите сликовници за најмалите. Тоа беа неколку цртежи во три бои, со неколку редови текст. Miffy доби свој музеј и во Утрехт кој го посетуваат голем број туристи, посебно Јапонци. Имено, во Азија и Јапонија најмладите се луди по играчки и предмети со ликот на зајачицата, што докажува дека секој добар дизајнерски производ е наедно и комерцијален успех. Во музејот, кој според желбата на Дик Бруна е скромно опремен, најмладите посетители можат да се играат со Miffy, додека постарите можат да го погледаат филмот за авторовиот животен пат.

Во музејот на зајаци во Пасадена, Калифорнија (САД), се изложени повеќе од 23.000 различни пластични и кадифени играчки во форма на зајаци, како и украси, шолји и други предмети со зајачки уши. Оваа несекојдневна збирка ја собрал брачниот пар Кендис, Фрази и Стив Лубански. Најнеобичен експонат е керамичкиот бокал во форма на зајак облечен како кралот на рокенролот Елвис Присли, наречен Елвис Морков. Музејот поседува и посебна соба, „Градина на скршените сништа“, во која се чуваат искршени предмети во форма на зајаци со известување: „Ниеден скршен зајак не се фрла, туку се сади за пак да порасне“!

Прочитај и за ... >>  За убавите жени

Јапонската тестенина рамен, односно нудле, традиционален дел од исхраната во таа далечна земја, стана популарна во целиот свет откога во 1958. година се пронајдени инстант нудли. Во Јапонија денес има повеќе од 200.000 рамен ресторани, па е сосема природно што им е посветен и еден музеј. Изграден е по примерот на токискиот кварт Шитамаќи, како што изгледал во пресудната 1958., во неговиот состав има 8 рамен ресторани со оригинални и необични нудли.

Кој би рекол дека првите тоалети се направени пред повеќе од 4.000 години? Музејот на тоалети во Њу Делхи чува примитивни артефакти кои илустрираат како еволуирале тоалетите низ вековите. Но, музејот не е основан порад забава, туку за да се сврти вниманието на здравствените проблеми кои се присутни во Индија поради неразвиен канализационен систем. Помеѓу бројните експонати се истакнува повеќенаменскиот трон на францускиот крал Луј 13-ти, кој му овозможувал без престан да присуствува на заседание на дворот.

Можеби Берт Рејнолдс ви е познат само како јунак на хит комедијата „Кенонбол“, но за жителите на градот Јупитер на Флорида овој холивудски ветеран е дарежлив сосед кој го помогнал развојот на нивната заедница. Познатиот глумец во близина на ова гратче пред повеќе од 30 години купил ранч и веднаш во него отворил неколку кина. Денес многумина волонтери работат во музејот кој му го посветиле жителите на Јупитер за да ја зачуваат оставнината на Рејнолдс.

Во Дидхам, Масачусетс, САД, се наоѓа музеј на лошата уметност. Тој никако не треба да се меша со музеите на современата уметност зашто во него не се изложени врвни дела на модерни уметници, туку кич ремек-дела. Целта на оваа необична институција е со публиката да се споделат најголемите промашувања во светот на уметноста. Негов најпопуларен експонат е цртеж на антички спортист во розе тога изработен со восочни боици, додека најскандалозен е сликата на девојка која в рака држи крвава коњска глава.

Во текот на 70-тите години од минатиот век во Мексико биле мошне популарни сликите насликани на сомот. Тој тренд мошне брзо се прошири низ САД и стана доминантен во популарната уметност. Денес во американскиот град Портланд постои необичен музеј наречен Велеветерија, кој има повеќе од 350 сомотски слики. Највпечатлива е сликата на еднорогот, чија грива е замотана околу глава на млада девојка.

Прочитај и за ... >>  На маргините од пронајденото време

Првиот систем на канализација е изграден во Париз во 13-от век, кога кралот Филип Август наредил да се стави калдрма низ сите улици и покрај нив да се ископаат канали во кои се фрлал сметот. Денес под Градот на светлината постојат повеќе од 2.000 километри канализациони тунели, чиј еден помал дел можат да привлечат љубопитни туристи.

Музејот на казуа во Иден, Њујорк (САД), е отворен во фабрика на казуа (музички инструменти кои потсетуваат на пишталки), која работи од 1916. година. Интересно е дека во неа се уште се користат машини за производство од тој период и оти процесот на изработка не е осовременет. Помеѓу експонатите најинтересни се казуите направени во форма на шишиња виски за прослава по повод укинувањето на прохибицијата.

Некогашната фризерка Лејла Кахон цел живот работела со коса. Се разбира, имала свој фризерски салон, но набрзо открила дека нејзината вистинска пасија е реставрирање на антиквитетни перики, но и венчиња од коса, накит за коса и слики на кои е налепена вистинска коса. Госпоѓата Кахон од хоби почнала во 1949. година да собира разни дела со вистинска коса, а музејот го отворила во 1990. Во него има многу експонати кои датираат од 18. век, како плетенки изработени од коса на две сестри кои ги избричиле главите пред да отидат во манастир. Музејот се гордее и со прамен од Мерлин Монро.

Музејот на тортура во Амстердам, Холандија, има изложба која посетителите го враќа околу 500 години во минатото кога властите користеле екстремни методи за казнување на оние кои го прекршиле законот. Музејот на тортурата не би бил целосен ако во својата колекција нема гиљотина, но инквизиторската столица со шилци многу поефектно влева страв во душата на посматрачот. Најстрашна направа е секако „крцкалица на черепи“, чие име јасно ја илустрира нејзината цел.

Според бројот и бизарноста на музеите предничи Њујорк.

Во 1969. година порториканските ерудити, уметници и општествени активисти го основале Museo del Barrio за да го документираат богатството на својата култура и животот во квартот El Barrio во Источен Харлем, шпанскиот крај на Upper East Side Menhetn. 30 години подоцна, El Museo del Barrio е претворен во единствен њујоршки музеј посветен на порториканската, карипската и латиноамериканската уметност. Една од атракциите во него е колекцијата „Santos de Palo“, која опфаќа 360 „santos“-статуи на светители изработени од дрво кои се користеле во куќни обреди. Порториканската колекција опфаќа и постери и рекламен материјал кој се користел на островот од 1940-тите до денес.

Прочитај и за ... >>  Неразделна врска: наука и уметност

Во Музејот на американските финансии е документирано како војната, мирот, научниот напредок и технололгијата можат да влијаат врз личниот и националниот финансиски успех (или неуспех). Поставката вклучува приказна за крахот на берзата во 1929., но и изложба која го глорификува бестрашниот претприемнички дух на Америка.

Во Њујорк постои и музеј на сексот. Влезница е стикер со шилеста црвена буква „Х”. Во неа може да се види порнографија, но и сериозни изложби, помеѓу кои „Секс меѓу лотоси” за 2.500 години на кинеската еротика, како и „Вамп жени и девици”, преглед на историјата на американските пинапови од 19-от век до 1950-тите. Една од атракциите е јадровитата порнографска колекција на Ralph Whittington, која меѓу другото опфаќа 400 8-милиметарски филмови, 700 видео снимки, 1.500 списанија, 100 книги и артефакти, како што се кукли на надувување и жетони за бордели од 1970-тите до денес. Whittington добро знаел како се документира историјата-бил 38 години куратор во Библиотеката на Конгресот.

Националниот музеј на американските Индијанци е мошне импресивен. Освен комплексни резбарии во камен, дрвени маски и слики на кожа, тој има силни поставки за современата уметност и култура на староседелците, и редовно прикажува филмови и организира предавања на индијански уметници и племенски старешини.

Музејот на облакодерите е прв и досега единствен музеј на светот кој е посветен на историјата на облакодерите, и тука можат да се видат одлична колекција на архитектонски цртежи и макети, градежни фотографии и други артефакти. Документирани се инженерски успеси кои се заслужни за некои од најимпресивните градби на светот. Поставките како во огледало се рефлектираат на подот и таванот, создавајќи калеидоскопски мурал на најинтересните градби на светот. Помеѓу поставките е и изложба на њујоршки апартмански згради каде што се користат технологии на одржлива енергија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here