Mandatory Credit: Photo by Jeremy Young/REX/Shutterstock (235618g) BOB GUCCIONE BOB GUCCIONE - 1994
Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 2 минути

Бизнисменот, кој со експлицитна еротика му конкурираше на „умерениот“ Pleyboy заработи богатство и го стопи со низа погрешни деловни одлуки.

Роберт Чарлс Едвард Сабатини Гучоне (Robert Charles Edward Sabatini Guccione, 1930-2010) студирал сликарство, а за да ги дополни приходите во 1965. во Лондон го оформи и разви, како едно од водечките во светот, списанието Penthouse (од 1969. почна да се продава и во САД).

Гучоне првите разголени фотографии ги снимал сам, повеќе со стил на сликар отколку на професионален фотограф, и со тоа создал стил на замаглени фотографии типични за softcore, „меката“ еротика од првиот период на Penthouse.

За разлика од „отмениот“ Playboy на Хјуг Хефнер (Hugh Hefner), Penthouse беше многу подиректен. Наместо квалитетни написи и високовредна литературна содржина, зашто Хефнер со парите од голотијата ги плаќаше најдобрите писатели, Penthouse нудеше таблоидни содржини, еротски „писма на читатели“ и поексплицитни фотографии од својата конкуренција: прв прикажа пубични влакна, убавици во лезбиски клинч, а од 90-тите на 20. век и и тврда, „hardcore“ еротика и фетишизам (S/M, уринирање…). Често објавуваше и разголени фотографии од младоста на познати лица, како Мадона; поради фотографии објавени во Penthouse круната ја изгуби првата афроамериканска мис на САД, Ванеса Вилијамс. Во 80-тите и раните 90-ти на 20.в. Penthouse имаше повеќе претплатници и подобра продажба дури и од главниот ривал Playboy, но појавата на уште поексплицитната конкуренција како Hustler сериозно му ја наруши позицијата на пазарот.

Во 2006. Penthouse имаше тираж од одвај 10% од својот врв од 80-тите на 20.в.  Боб Гучоне проценуваше дека само од тој магазин свртел 4 милијарди долари, но сите пари ги стопил по падот на тиражот.

Бројните двојни деловни потези, како финансирањето на контроверзниот филм „Калигула“ и издавањето на музичкото списание Spin, како и научно- популарното списание Omni, почнаат да го „јадат“ личното богатство на Гучоне, па беше принуден да ја продаде својата извонредна збирка на уметнички дела, во која беше и Пикасовиот портрет на неговиот син, потоа дела од Модиљани, Ел Греко, Дали, Дега…На крајот ја продаде и палатата во Њујорк, своевремено најголемата приватна куќа во тој град (ја купија Ума Турман и Андре Балаш).

Гучоне се женел 4 пати, а од првите два брака имал 4 деца. Откако на други им го препуштил управувањето со оние делови од своето издавачко царство кои не се угасени, повторно му се посветил на сликарството и бил изложуван во неколку ценети галерии.

Во Тексас, каде што се преселил во 2009., Боб Гучоне умрел од рак на белите дробови на 20. октомври 2010. година

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here