НЕКОГАШ ПОНЕКОГАШ ИГРА, поетска студија за играта

Потребно време за читање: < 1 минута

35. На росна утрина
од еден ден

Пет мисли
и една последна,
на ред наредени
како воини
во враќање по победа
над смрт,
доаѓаат за да ме кренат
на нозе
и да ме однесат
во живот преполн
со спокој и ведрина.

Првата ми е дека луѓето
веруваат пред врева
како нешто ненадејно
да ќе им се случи
оти така сакаат заедно.

Втората ми е дека луѓето
веруваат пред страв
како нешто непознато
да ќе им се случи
оти така сакаат заедно

Третата мисла ми е
дека луѓето веруваат
пред глад
како нешто намерно
да ќе им се случи
оти така сакаат заедно.

Четвртата ми е
дека луѓето веруваат
како нешто непреболно
да ќе им се случи
оти така сакаат заедно.

Петтата мисла, пак,
ми е дека луѓето
веруваат
како нешто неминливо
да ќе им се случи
оти така сакаат заедно.

И последната нѝ е
дека луѓето во кругови
заробени
одамна се раѓаат сами
оти така сакаат заедно

а јас и ти сме голи
оти толку имаме.

На крајот се прашувам,
без да си одговорам:
дали голите не се родени
кога ќе се родат
и кога потоа ќе остават
суви коски
гледајќи со отворени очи
како од страв изгубени
во ноќ од нас оставена
сама;
и дали луѓето родени
цврсто чекорат
кон некоја нивна цел,
никогаш бесцелно
како слепи
слеп што ги води
верувајќи на една, две,
на којзнае колку усти
отворени, премалени,
без чист воздух
и од срце насмев.

Leave the first comment