Потребно време за читање: < 1 минута

8. Столпник што прифаќа
нешто од светот под него

Тоа не се куќи
со запалени огнови
во огништа
за спокој на годините;
ниту се урнатини
на сенки затрупани
со сува земја и молк;
тоа не се подадени раце
кон мене
зашто отворив небо
и пуштив молња
да удри во поле
од сомнежи
сѐ да пеплоса.

Мене не ми треба
со лаги и измами
да го кревам
народот на нозе
за навреме
да си го прочита
и разбере
сопствениот родослов;
сосе сите одамна мртви,
изгонети голи и боси
од последната војна
за да им исуши коренот.

Доволно ми е само
да ги приберам
околу мене
(без притоа
да ја употребам
семејната игла од коска
за да си го пришијам
парчето кожа
што ми се распарало,
што ми виснало
во меѓувреме),
па ништо од вчера и утре
да не заборават денес
или да дозволат
некој со силаод тоа нешто
да им одземе.

Прочитај и за ... >>  НЕКОГАШ ПОНЕКОГАШ ИГРА, поетска студија за играта

Тоа не се темни
и студени дупки
во карпи за тихување
или за прослави
на долги суши и преселби
со мене како без мене.

Ти велам тебе, брате,
што си ослепел
од плач и лелек
поради отворени
длабоки рани во надежта
на мојот народ.

Знам дека не ме слушаш,
не ме дослушуваш
оти сѐ сокриено
си открил од нас
само за нас;
и знам дека веќе ништо
не ти значи
мојата предупреда
дека ниедни води
изворски
не можат да нѐ вратат
во првиот сон.

Мене не ми треба
твојов столб до мојов
оти си во мене
каков што те знам.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here