717.Саде наш пат води до нашата цел.
718. Од тебе ко од никоја друга, љубима.
719. Безбели, ќе биди со мене и шо било и шо не било.
720. Идат и си одат деној и ноќи сè поблизу до замин во вчера.
721. Ако појќе не можиш со друзи, тогај продолжи сам на пато свој.
722. Безнадежнио нема ништо свое од вчера до денес, а ни бар едно нешто со свои за утре.
723. Колку ли маски си стајл на лице? Кај ти је бре лицето?!
724. Не можи да не можи кога мора да можи.
725. Уште му фали од шо не знај колку има.
726. Те познаам ко чоек. Кој и шо ли те расипа дотолку шо да си станал нечоек?
727. Во партија на власт сите апаши, а на чело им апашиште.
728. Треба да знајш и да мислиш за по речено да не те научат ко будала.
729. Пред очи ми лична мома сал за мене.
730. Силнико можи да се порази сал со умност и опитност.
731. Откога ќе не збришат, ќе има понекој од нас исто ко да го нема.
732. Мене нека ми је како ми је, ама нам да ни је како треба да ни биди.
733. Многу ме загрижуа утрешо да не дојди предоцна за сите нас.
734. Угоре мачно, удолу безволно ем беспомошно.
735. Само дома ти је срцето безмерно жизнено.
736. Ти беше и ќе бидиш дур сум жив.
737. Ем лажиш ем се залажуаш со оние шо саде со лажги сѐ праат лажовно.
738. Кога ќе те соголат али ќе се соголиш до гола кожа, срамо веќе ќе нема со шо да си го покриеш.
739. Ти нема спас од гнево сенароден штом ќе букни.
740. Близу је часо кога тој шо те држи и подржуа ќе ти го сврти грбо и ќе те остај на ветрометина.
741. Не можи да научи оној шо не разбира, нито се научиле да учат.
742. Дури му се стемни пред очи можи да ослепи, та виделина нигде да не догледуа.
743. Не мојме да се заборајме оти на времето се сакавме незаборајно.
744. Биди со оној со кого али си бил али си.
745. Ти на мене, ја на тебе, а они на нас.
746. Ги нема нигде кабаетлиите. Ко во земја да пропаднале.
747. Остај ги да се удаат во матната. Ќе ги однеси ако не се удаат.
748. Се смеј, а му се плачи од шо ем не знај ем не можи. Завалија.
749. Со него на чело не ви ги гини провалија.
750. Мораме да ги најдиме и да ги избериме оние шо ги бидуа. Инаку мав ни је работава.
751. Ти фали убајна откога се раздели од неа.
752. Со трај ќе си останиш во пеколо, нема да влезиш во рај.
753. Најмногу ме плаши застрашеноста на народо од апашиштава на власт.
754. Ја олку. Појќе ко ќе видам и ќе ми се докажи вие колку.
755. Во тревожно време мудрио најмногу си збори сам на себеси.
756. Они владеат со државичкава зато шо им дозволи ти, народецу.
757. Од далеку се гледа поубоо, одблизу се преживуа али не се преживуа.
758. Сите послушни, сите зависни, сите обессилени, сите малодушни, сите предадени, сите во пранги оковани. Шо да нема кој да поведи борба за слобода.
759. Добро ти је ко мал штом не си за големи дела.
760. Вака веќе не, ако сакаме да бидеме шо сме.
761. Те гледаат извишен, а не знаат шо те извишило.
762. Зошто намерно заборајле шо си напрајл дури си прајл? Зато шо је за ними недосегливо.
763. Тешко некоаш да се раздолжиш со оние на кои им должиш. Уште потешко да им се оддолжиш.
764. Многу од мене, најмногу мое.
765. Од ден на ден се појќе натежнува староста шо је бесцелна.
766. Не можи да нема љубов кога имало.
767. Непара зборам за шо бев и шо сум. Оти кога зборам исто је ко да си зборам.
768. Ќе пукнам од мака кога гледам колку големи маки трпи народецо, а ми се гледа оти ќе трај уште.
769. Начув оти им паѓам во умо на оние шо паѓаат. Демек на чело со мене можат да застанат стамено на свои нозе. Во мојо ум тие ич не ми паѓаат.
770. Работата најдолго во живото крепи снага.
771. Не се одморуам оти создаањето дела најмалу ме уморуа.
772. Не ме виѓава, не ме припознаа, а се плаши од мене оти никако не можи да ме замолчи.
773. Голема срамота је шо прајте, ама је уште поголема шо не го прајте она за шо ве плаќа народецо.
774. И кога ќутам, имам зборој за љубов шо била некоаш и је незаборавна.
775. Крупна риба не можи без ситни. Без неа ќе нема шо да јади па ќе умри од глад али нема да се допази па ќе лапни јадица.
776. До гуша во кал, а празна црпка.
777. Недобројни насобраниве на пато за криење и бегање.
778. Тешко на сиромајо кому живото му је зависен од богатио.
779. Се осилиле оти силници се зад ними и ги командуат.
780. Дотолку се израсипа свето шо веќе нема ништо во него ни за попраање ни за допраање.
781. Пред разбегуање се оти сѐ појќе се распалуа огно.