673. Нека биди со тебе како ќе решиш ти.
674. Чоек обично прај најмногу кога му је близу крајо? Шо знам…А знај он кога му је?
675. Зависиш од оној кому си му дозволил да те напрај зависен.
676. Ме јади јанѕа оти ќе биди ко шо ними им одговара. Ортачки.
677. На чоек во крпеж и трпеж му је најубо кога је со сите и не је со никој.
678. Богами, ќе им биди на сите толку тешко почнуањето одново на сè, шо да немало досега потешко.
679. Изгоре по тебе, а ти не проба ни да го узнајш кој је и шо је.
680. Живуркам со непризнаено, а големо дело оти никому не му должам и никој не ми должи.
681. Те нема жив ако си остајл да ти угасни домашното огниште.
682. Не му се требни годините на чоек во години, ако нема за шо да ги арчи.
683. Болна душа од селидба во туѓа земја оти нејната је пустошна.
684. Да си млад на старос можи само со бистар ум и создателен дух.
685. Корено ќе ти изгние и во твоја земја без потомок.
686. Сè је од лесно полесно во дружба со делотворни луѓе.
687. Во мир и спокој лесна живеачка.
688. И младо и старо заедно во костец со животните премрежиња.
689. Саде народ можи да обессили властодршци и власољупци.
690. Не се сакалдисуај оти не можиш појќе. И сè досега је многу, та премногу од тебе.
691. Најмачно и најжално је кога само од себеси се ничкосуа наземи суво дрво со гнил корен.
692. Сè појќе луѓе со тебе и околу тебе. Оти си докажан ко чоек.
693. Тесно скроената облека веќе им је распарана и парталосана, а не им шијат друга за слугуање.
694. Не денгуби меѓу стануање и легнуање.
695. Се мора во последна борба за одбрана на љубов.
696. Оди си по својта врвица и подзастануај колку да здивниш.
697. Никој не ни је крив колку шо сме си криви на себеси и на нашите потомци.
698. Првин научи се себеси, па после учи друзи.
699. Никој од нас не смеј да узнај до кога они без нас исто ко со нас. Ќе им се расипи калимерата.
700. Ме отепуа сиромашија, а сум најбогат чоек на свето.
701. Ако ништо друго не можиме али не сакаме, бар да сме громогласни.
702. На власт натурена на народ од туѓински силници: безумници, бездушници, идиоти, апашишта, изроди и предавници.
703. Еден чоек можи да му напрај на свето многу добрини ако је чоек.
704. Идиоти и лигуши на власт пак поткупуат сиромаси да гласат за они пак да бидат власт.
705. Те резили кај ќе стигни твојо тапоумен предводник, а ти се надеаш пак да бидиш власт со него на чело.
706. Богаството од народо испокрадено најпрво низ нос ќе ти излези.
707. За ништо и за со никого не си штом ни се думаш ни се гледаш ни се слушаш.
708. Не можиш во живот без непорочна љубов до пред самоти смрт.
709. Мртов си, а жив ако си остајл за по тебе нешто живо од тебе.
710. Сè се договара скришно за да не сети народо оти је пред уништуање без трага.
711. Суди за она шо било за да биди али да не биди пак.
712. Сè да напрајш ко шо сакаш ти и друзи ко ти.
713. За него је неубо он да биди без нас откога сме му требале.
714. Црно ќе ти се пиши ако прајш црнејци.
715. Не можиш да победиш дури сам себеси се поразуаш.
716. Умрела љубов која не била оти не можела да биди.