159. Да си скромен и со достојание, значи со самосвест да ги живејш вредностите на живото.
160. Ти терај си го своето денес, ама мисли и на твојто утре.
161. Нека боли ако не можи без болење.
162. Ако капи, по некое време ќе потечи.
163. Ни кажуаат шо и како, но не знаат зошто и до кога.
164. Не го прашуате народо оти знајте шо ќе ви одгоори и оти ќе си го добиете од него.
165, Ја за убајни во љубов, ти за наш крај без почнуање.
166. Се знај како против душмани на народ и негоа земја!
167. Асолни се држава и општество шо се развиваат сè појќе самостојно.
168. Курвата вавилонска отсекоаш била и је курва со тапија!
169. Ти си имаш своја вистина, а ја вистина шо је.
170. Крајо на краиштата ќе биди кога ни црното ќе биди црно ни белото бело.
171. Знај шо сум пишал совреме и предвреме оној шо ме чита.
172. Не си ни жив ни мртов кога едино ти је важно да преживејш од денеска до утре сабајле.
173. Треба да согледуаш и да мислиш длабоко за да ти биди јасно до кое дереџе си дојден.
174. Стар бел дедо ти порачуа:
Ако не се бунтуаш, ќе те нема!
175. Поскоро сам ќе се избришам, одошто да дозволам да ме бришат идиоти, изроди и измеќари на туѓински силници.
176. Зошто се плашиш да ми излезиш пред очи?!
177. Шо било меѓу нас било оти одамна не је.
178. Секој ден испаруаат милиони евра народни пари, та зато во државичкава ни веќе не се ни дише.
179. Во држава на мафија треба да се ујдисаш со власта, ако сакаш да станиш прекуноќен богатник.
180. Пуста старос:
Колку појќе живејш, толку појќе ти се живеј.
181.-Кај си бе?
-Бе нигде.
182. Не шо ќе биди нека биди, ами да биди шо мора со сакање да биди.
183. Штом не ме бара никој, никому не му требам.
184. Ни љубов со убајни сосила не бидуа.
185. Примитивци и простаци во едно општество за сите меѓусебно се викаат граѓани.
186. Предци граделе куќи со цврсти темели, а потомци ги остајле сами да издржуаат секакви невремиња.
187. Измеќаруаш оти али не знајш али не сакаш да бидиш свој на свое.
188. Нè има сегде низ светот, а дома сè појќе нè нема.
189. Ништо соградено од него, а безмилосно урива сè.
190. Ем слуги покорни ем јад и беда од ними.
191. Нејќам оти не те сакам.
192. Нема утреш држава во која градскио и селскио живот се сведени на простачко живуркање али преживуање ден за ден.
193. Не си жив, нито ќе заживејш ко измеќар и роб до гроб.
194. Од никого ништо и никој и ништо со мојто велико дело. Можи само незабораање некое време.
195. Збришани гробој по неизвесно време без знак и каква било трага на живот, со коски на безимени предци.
196. Исто је важно да знајш и да те знаат кој си.
197. Предоцна за освестуање на народо откога ќе му биди смачено од сè.
198. Ај шо почнаа да се лажат и да се крадат меѓусебно, ама почнаа меѓусебно и да се утепуаат. Оти им је дојден крајо.
199. Љубовта ни је дамна умрена, а ние сме уште живи. Дал` сме?!
200. Силнико се бие не со итроштина, а со умност.
201. Ако си за разубедуање, да почниме да се убедуаме. Ако не си, остани си на шо си.
202. И досега наши тешки ем мачни времиња, ама отсега никоаш потешки.
203. Еј вие белосветски политиканти, од глајте ќе ви се удри недоветноста на вашиве измеќари на власт.
204. Почнаа да се лажат во власта меѓусебно? Значи, ако не почнале, кај да је ќе почнат и да се крадат меѓусебно.
205. Неписмени не знаат да прочитаат ни како им је пишано.
206. Ова од ними не се трпи. Мора да се сопре и да се сотрат. Со сè шо ни је при рака.
207. Мечката се изнаигра пред твојо праг. Веќе ти је влезена дома.
208. А бре Амери, како си дозволуате ко силници да навалуате на малава и бедна Македонија, да ѝ земате милиони за бизниси за кои има сомнежи оти се апашки, а едновремено да помагате во разнебитуањето на исконскиот македонски народ?!