Потребно време за читање: 2 минути

932. Апашишта шо владеат со народ и негова држава, владеат и со живото и со живуркањето.

933. Лажнио патриот и лажи и кради во исто време.

934. Не можиш во политика дури не научиш оти вештината иде со ука и опит, а не со итроштина.

935. Да ви кажи нешто за паметење стар бел дедо:
Живото је ко река понорница. До негде тече, па понира в земја, а дали пак ќе излези на виделина најмногу зависи од нејната пробивна сила.

936. Надмина многу премрежиња и на крајо малакса пред последното-пуста самост.

937. Ме има, па ме нема исто ко да ме има, и на крајо ме има дури ме има.

938. Како можи да се сакате, а да не се ни познаате? Да не прајме муабет, пак, за познаање без сакање.

939. Прво народ, па после граѓани и селани. Се разбираме, нели?

940. Не си играј со чоек шо стои стамено на свое место.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 375-417

941. Ја испустивте земјата, а се надеате оти и со испустена ќе владејте!

942.  Најдоблесно је да се бориш сам и заедно со друзи против секое зло, од најмало до најголемо.

943. Не чекајте повик на самоодбрана на личнио и националнио идентитет. Речиси ги разнебитија!

944. Бидејќи денес утре ќе биде вчера, утрешо најпојќе зависи од вчера.

945. Не знам дали и вам, ама мене сè појќе ми смрди буништево на историјата.

946. И пак се прашам зар има некој шо им верува на апашиштава на власт. Ними не им верува ни нивнио стратешки партнер!

947. Ја џабе зборам, а ти џабе ме слушаш.

948. Кој замесува домесува, а друг го варди огно да не се разгори, та месеното да не го препечи.

949. Ако играш своја игра, никој нема нито да те надигра, нито да те преигра.

950. Не можи вака, а се знај како можи. Па шо чекаме?!

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 311-343

951. Не остааш трага зад себе, а ни рода немаш. Значи не си, нито си бил жив.

952. Колајна работа без политикантски алашвериш.

953. Ако владејш со себеси, не ти треба да владејш со друзи.

954. И на старост духом млад.

955. Најубоо ми је кога сум со твојта убајна.