Мошне добри и непријатни прашања и одговори за сексот

Потребно време за читање: 8 минути

Прошетавме низ Интернет и се изненадивме што се може да се прочита како прашање и одговор на оваа тема- од добри, навремени, до незгодни, непријатни…

Еве мал избор од повеќе сајтови:

Кога е збор за сексот, без оглед на се, на прашањата никогаш крај. Иако тој во денешно време веќе не е табу теба, се уште постојат прашања на кои би сакале да им го дознаеме одговорот и кои ја поттикнуваат фантазијата. На пример:

Може ли страста во врската да се развие иако на почетокот нема хемија?

Ако се допаѓате еден на друг и во основа имате добра врска, не би требало да кревате раце од неа доколку во вашиот однос постои се освен секс. Хемијата ќе се случи кога ќе научите се за самиот/ самата себе и за сопствените желби и потреби.

Меѓутоа, ова решение е веројатно многу подобро од она на другата крајност, кога на самиот почеток ќе се најдете во луда и страсна врска, зашто кога по некое време ќе сфатите дека еден на друг воопшто не си се допаѓате прво што ќе исчезне е сексот и потоа веќе ништо друго не преостанува, советува Сју Џохансон, авторка на книгата „Sex, Sex, and More Sex“.

Дали е можно да се има добар и задоволителен секс во долгогодишна врска со еден партнер?

Се разбира- но немојте да очекувате секс каков што го гледате во филмовите. Филмскиот секс е романтичен и страстен, партнерите се идеализирани, возбудата расте штом ќе се догледаат, а во сексот уживаат секогаш кога ќе се видат. Во реалните врски е сепак поинаку. Во овој случај сексот е повеќе работа на интимноста и сигурноста и е интегриран со она што всушност сте и секако не се случува така често.

Идејата за спонтан секс е мит, повеќето парови во долгогодишните врски го планираат времето наменето за него, кое некогаш ќе биде незаборавно, а понекогаш сепак полошо. Сексуално задоволните парови знаат дека е сосема нормално сексот да не биде секогаш фантастичен, но исто така знаат дека е потребно да се биде реален и да не се паничи во случај на лош секс и веднаш да се помислува на можна пропаст на врската.

Меѓусебно задоволувачкиот секс помага за зацврстување на врската помеѓу партнерите, а колку почесто го избегнувате сексот толку ќе биде потешко да се врати страста во врската, вели Бери В. Мекарти, професор по психологија на Универзитетот во Вашингтон.

Кои се најновите сексуални играчки?

И покрај срамежливоста, многумина луѓе користат сексуални играчки, вибраторите на некои жени им помогнале да доживеат оргазам за првпат, а оние на кои секс играчките им донеле задоволство продолжуваат да ги купуваат.

Последни најпопуларни се вибраторот Rabbit Habit, Vibra Pen, вибрирачка играчка во форма на молив, и Stowaway кој личи на сет шминки и така оневозможува непријатни искуства. Секоја жена би требало барем еднаш да испроба сексуална играчка, советуваат Рејчел Венинг и Клер Кавано.

Која е улогата на еротската книжевност?

Се до пред 20-тина години еротската книжевност наменета за жените не постоеше, но денес е сосема поинаку. А Мери Шајнер, уредничка на „Herotica“, издавачка куќа за еротска книжевност, вели дека има голем број на претплатнички и оти продажбата оди доста добро. Жените еротика читаат за да се доведат во расположение за секс, но таа не ги возбудува толку за да мастурбираат. Еротската литература не е како порнографијата на која и се понаклонети мажите. „Мислам дека она што го сакаат жените во еротската литература е приказната во заднината и тоа што целта на се не е сексот“, смета Мерси.

Постои ли типична еротска фантазија?

Вајолет Блу, уредничка на „Taboo“ и серијата на еротска литература „Sweet Life“, вели дека според нејзиното искуство постојат две типични еротски фантазии. Едната има сценарио со повеќе партнери, различни пози, а врвот на таквата фантазија е доаѓање на странец. Целата идеја на водење љубов со странец, како и таинственоста на таквата средба, е мошне возбудлива. Втората типична фантазија ја вклучува играта на доминација и потчинетост.

Дали одредени сексуални подрачја, и покрај бројните информации и сексуални производи, се се уште непознати?

Подрачјата на женската сексуалност како што се хемијата, психологијата и неврологијата, се уште се до некоја мера неразјаснети. Најголемо внимание е насочено кон жените кај кои се манифестира поинско ниво на либидо, а Сандра Либлум, директорка на Центарот за сексуално здравје во Њу Џерси, тврди дека кај жените е идентификувана состојба наречена константно сексуално надразнување- жената може да има константно надразнување без свесна желба за секс, и тоа може да трае подолг време, и покрај оргазмите, но се уште не е разјаснета целта.

Освен тоа, не е обрнувано внимание на тоа дека женските сексуални реакции се разликуваат енормно. Некои можат да доживеат оргазам само со помош на фантазии, на други сепак им е потребна получасовна стимулација. Разлики има многу, а се уште не е пронајдено објаснение за сите нив.

Кога е најдобро време за разговор за сексот со новиот партнер?

Сериозните работи, како признание на болест, е препорачливо да се кажат што порано, пред да станете интимни. Разговорот за сексот е најдобро да се реализира во време кога сте сами, но не во моментот пред сексот. „Уживам да бидам со тебе и имам чувство дека нашиот однос би можел да напредува, но пред да отидеме чекор натаму морам нешто да ти признам и се плашам дека тоа можеби би можело да влијае врз нашиот однос“, наведува Сју Џохансон добар пример на почеток на разговорот.

Можеме ли да бидеме среќни без секс?

„Како сексуална терапевтка можам да ви кажам дека кај паровите кои долго избегнувале секс, а потоа доживеале позитивно сексуално искуство, јасно се гледа разликата. Наеднаш повеќе се смеат и разговараат, постои и повеќе физички контакт помеѓу нив, а сексот може да направи многу повеќе напредок од која било терапија. Би било извонредно кога тоа чувство би можело да се задржи, но за жал трае сенасе 24 часа и тогаш сексот би требало да се повтори.

Од друга страна, постојат моменти во животот кога сексот воопшто не е битен. Постојат многу повеќе парови кои секс упразнуваат значително помалку отколку што мислите“, вели Сузан Либлум.

Еве ги и топ 5 непријатните прашања за сексот:

Што го одредува мирисот на женските интимни делови?

Вагината има способност на „самочистење“- велат здравствените стручњаци. Нејзините млечни киселини ја одржуваат здрава. Во текот на одреден период на циклусот женските интимни делови можат да произведуваат појаки мириси од вообичаеното. Ако е тој особено јак, би требало да побарате совет од доктор, зашто можеби се работи за инфекција.

Можат ли да се намалат звуците што се јавуваат за време на сексот, како што е испуштање на „вагинални гасови“?

До испуштање на „вагинални гасови“ доаѓа кога воздухот заробен во вагината се обидува да излезе надвор. Одредени љубовни позиции, како тн. кучешка, додатно ја поттикнуваат оваа појава. Ако спомнатите звуци навистина ви пречат, или на вашиот партнер, практикувајте повеќе мисионерска поза.

Во модерните порно филмови паровите често практикуваат вагинален секс, потоа анален или орален, па повторно вагинален. Дали ваквиот секс е сигурен?

Кај преминот од вагинален на анален или од вагинален на орален секс секогаш треба да се исчистат интимните делови и да се промени кондомот. На тој начин ќе спречите ширење на бактерии од устата, вагината или анусот на другите интимни делови.

Ја открив партнеровата залиха на порно филмови. Глумиците изгледаат сосема поинаку од мене. Дали воопшто му се допаѓам?

Порнографијата во голема мера се сведува на фантазија. Станува збор за екстремни работи кои во реалниот живот ретко ги гледаме. Иако мажите уживаат во погледот на масовни силиконски гради на екранот, повеќето од нив не би знаеле што да прават со нив кога би им се нашле пред носот. Вашето момче веројатрно се пали на тие жени, зашто се поинакви. Но тоа не значи дека ги сака во реалниот живот. Ако е со вас, тој ве посакува.

Дали е нормално да се фантазира за друго лице во текот на сексот?

Околу 50% жени и 75% мажи во текот на сексот со сопствениот партнер фантазираат. Фантазиите можат да претставуваат здрав начин на поттикнување на возбуда и одржување на активен сексуален живот. Ако фантазирате за друго лице, не значи дека не го сакате својот партнер. Фантазиите стануваат проблем кога ја попречуваат способноста за поврзување со реалниот партнер.

Сексуалните фантазии, мастурбацијата, недостигот од страст во врската, секс во постари години- се најчести прашања на кои одговараат сексуалните терапевти. Прочитајте што ги мачи паровите кога е збор за интимните односи и какви совети делат стручњаците од оваа област:

Кога е најдобро време со новиот партнер да разговарам за „деликатни“ сексуални теми?

Ако имате намера да му кажете отворено и директно: „Јас имам херпес“, и тоа пред вашиот интимен однос, тоа ќе го збуни.

Најдобро е „моментот на вистината“ да не биде претерано романтичен, бидете сами, но никако не разговарајте додека вози автомобил. Обрнете му се нежно, кажете дека сте забележале оти вашиот однос се повеќе личи на врска и затоа сакате нешто да му соопштите. Напомнете му дека, иако се плашите од неговата реакција, сметате дека треба да знае некои работи за вас. И тогаш кажете што имате. Се разбира, бидете подготвени веднаш да „загребе“ на вратата, зашто никој не сака да слуша за партнеровите непријатности кои укажуваат на претходно бурен сексуален живот.

Сексуалните фантазии немојте да ги откривате пред воопшто да водите љубови. Почекајте да се стабилизирате како пар во креветот, па тогаш предложете интересни еротски игри.

Што треба да знаат жените за мастурбацијата?

Љубовниците доаѓаат и проаѓаат, а мастурбацијата е вечна врска со самиот себе. Тоа е исто така интересен начин да се испитате себе си и своето тело, начините на кои тоа реагира на допир. Тоа е сосема природен и интимен чин во кој не сте обврзани спрема никого. Опуштете се и дозволете умот да ви скита, испробувајте разни работи, дознајте што ве придвижува.

Дали можете да бидете среќни без секс?

Ако посматрате пар пред и по сексуално „запознавање“, ќе забележите разлика во односот. Ќе забележите дека по интимниот момент ќе има повеќе смеа, разговор, допири…Сексот е најдобрата терапија во врската. Од друга страна, постојат и жени кои сексот едноставно не ги интересира. Тие во животот од партнерот бараат блискост, врска, друштво…Овие жени, ако немаат партнер, чувствуваат потреба и жалат за блискост, а не за секс. Затоа многу од нив се снаоѓаат одлично и кога се сами, зашто за нив сексот не е пресуден.

Што е вистина за сексот во средовечни години?

Сексот не е ист кога имате 20 и 50 години. И мажите и жените минуваат низ фази кога телото им се менува, го губат тонусот на мускулите, но и желбата за секс. Во средните години жената не треба многу да се обѕира ако мажот не може да доживее ерекција. Страсната љубов минува, но вие и натаму треба да се забавувате. Блискоста е пресудна во средните години, па ако огнот на страста се угаснал тука е пријателството.

Дали може да ви проработи „хемијата“ спрема некого кој не ви е привлечен?

Ако добро се забавувате и разбирате со вашиот избраник и сметате дека имате квалитетна врска, не треба да го напуштате.

Не е се во сексот. Хемијата може да „проработи“ ако се опуштите и почнете да учите за себе како сексуално суштество и за своите желби кои имате намера да ги остварите. Ваквата врска е подобра од изборот на партнерот кој ве соблекува уште на влезната врата. Всушност, кога ќе сфатите дека сексот е единствената работа што ве врзува, ќе увидите и сами дека таквиот однос нема иднина.

Мажите признаваат дека немаат поим за што размислуваат жените во текот на сексот, но сакаат да мислат дека се концентрирани на нивните љубовни вештини. Еве конечно 5 прашања за сексот кои ги мачат мажите:

Дали големината е навистина важна?

Мажите ова вечно прашање ќе го поставуваат секогаш, без оглед колку ние да се обидуваме да ги убедиме дека големината не е пресудна, зашто без добра техника ни најголемиот не може да задоволи. Напротив, за жената сексот може да биде болен ако е пенисот преголем, а од друга страна кого, пак, може да задоволи премал?

Дали е битно траењето на односот?

Во желбата односот да не трае прекратко, мажите понекогаш се користат и со мали трикови, па додека тој трае размислуваат за нешто сосема трето. Но, тоа може да им се удри од глава и сексот да трае предолго, некогаш дури и 45 минути.

Значи, траењето на односот е важно, а за и жената да биде задоволена во просек мора да трае 15, 20 минути.

Дали предиграта е преценета или потценета?

Повеќето жени сакаат предигра. Но, таа не подразбира само бакнување, мазење и слично. Како „загревање“ за секс може да се смета и начинот на кој мажот зборува, поранешните врски и времето минато заедно пред сексот.

Меѓутоа, некогаш и брз, спонтан секс како оној на кујнска маса е страсен како и сексот со предигра. Значи, примарната разлика не е во тоа дека сексот со предигра е подобар од оној без неа, туку да е поинаков.

Дали е жената незадоволна ако не доживее оргазам?

Би можело побрзо да се каже дека жената се чувствува изневерена ако партнерот не и педизвика оргазам. Сепак, тоа е главен показател дека на мажот му е важна партнерката.

На жените оргазмот им е битен речиси еднакво како и на мажите, единствената разлика е во тоа што тие не чувствуваат болка во пределот на интимните органи ако се возбудат, а не го доживеат.

Дали оралниот секс е подобар од обичниот?

Мажите обожаваат кога партнерката ќе ги задоволи орално и за тоа меѓусебно многу повеќе разговараат одошто за обичниот секс. Поради тоа ги чуди кога жената не го сака оралниот секс, дури и кога ним им се дава тоа уживање, а такви има.

На жената треба да им се даде време самите да одлучат кога е вистинскиот момент за тоа. Во некои случаи оралниот секс би можел да се опише како пријател кој ретко излегува, но кога излегува одличната забава е загарантирана.