Потребно време за читање: < 1 минута

МАСКА ИЛИ ДРАМА
ВО ЕДНО ЛИЦЕ МНОЖИНА

СЦЕНА И ГЛАСОВИ

Momentum I

Бидејќи почетокот го означува
кревањето на завесата,
треба да има знаци дека сме живи.

Глас 1

спуштете го јажето, сенката што ти ја откриваш има бразди од некое минато и мора докрај да остане во круг.

Глас 2

конзервите да ги фрлаш една по друга. не наеднаш и сите. ако не го почитуваш азбучниот ред, рибите ќе ни го изедат овошјето, тревите, нектарот, мравките, столбот, а ти гладна.

Глас 3

прво требаше да измислиме квадрати со врати. можеби од нас наскоро ќе побараат и да пливаме.

Глас 4

нели се отвораат со нож. ако не внимаваме, ќе ни ги драскаат усните. ние уште на пробите се согласивме дека одвреме-навреме ќе јадеме лимони и банани за да бидеме отпорни на раковите и нивните клешти во воздухот. да не се предомислиш: облаци.

Глас 3

значи, раковите си ги прибрале алиштата и куќите, па полека, подмолно, внимателно се вселуваат во нас. но како со рани на усните?

Глас 1

можеби ќе биде подобро да ставам огледало, па низ него да влегува-излегува. како фурија.

Глас 2

и уште искривено! промените на лицето ќе бидат појасни и ќе ги возбудуваат прво жените. да, како фурија.

Поетот на сцена:

Конзерви

Те познавам качена на столбот
како ми се јавуваш
додека со напор ги отворам
да има затворен воздух во нив.

Прочитај и за ... >>  MOMENTUM II, Преобразби што ќе ги постават настаните во логичен ред, поетска инсталација

Инаку, би можела да кажуваш
мудрости на јавни места,
да повторуваш дека високо
си качена
откога нашиот разговор
одамна престана со глад и крв
заради мир во светот.

Те познавам на столбот
со јаже околу вратот.
те познавам оти ми се јавуваш
додека брзо ги голтам.

За да има мој затворен простор
во нив
кога ќе ми дојде крајот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here