Потребно време за читање: < 1 минута

7. На заминување

Решил човек да замине,
па решил да се збогува
со сите свои љубови
ем далечни ем блиски.

8. Студ на сонце

Го обзел некој студ
на жешко сонце,
како да му кажува
дека му е дојдено
времето за раздела
со сиот жив свет.

9. Во мисла

И ти мислиш и тој мисли
колкава далечина има меѓу вас,
а и тој се прашува,
а и ти се прашуваш дали има
уште ваше дело што само
се создава.