мајсторост, калфата, слуга, мајстор, majstorot, slugata, kalfata
Мајсторот и калфата
Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 2 минути

Сторил ниет тргоецот за да одит на панаѓур. Детето му дало трите пари за да му купит нешто стока од панаир мајстор му. `И зел тргоецот трите пари и се насмеал.

-Е, ќе ти купам една свирка за триве пари од панаѓур- рекол по кротко.

Момчето чуло тој збор и недраго му паднало.

-Мајсторе- му рекло- те молам и мене земи ме на панаир, за да ти чинам измет барем по патот.

Го примал мајстор му, и тргнале да одат на панаир. Уште невлезени в море, видело детево покрај море три деца кај тепаат едно маченце. Му се нажалило и посакало да го откинит од децата, арно ама децата не слушале негоата молба, ами сакале да го отепаат. Најпосле помолило со по една пара и го откинало и си го зело, та си ошло при мајстора си.

Влегле во гемијата и си тргнале по море со гемијата да пливаат. Оделе донекаде в море, и се кренале големи талази (бура голема), та ја затерала гемијата без пат и ја отерала до некоја ада (остров), ја врзале гемијата на кајот и излегле во адата, и пречекале луѓето од адата, та зеле на вечера во некоја куќа.

Вечерта, кај што биле тргоецот и детето, надошле од селаните на муабет. Ставиле да вечераат и му дале на секого по еден стап в рака и му рекле: да се бранат оти ќе излезат многу глувци, та ќе му грабаат лебот од пред нив. Кога чу детето оти така, отиде та си го зеде мачето од дисагите и си го држало в раце готоо за кога ќе излезат глувците. Едно ставиле лебот на трпеза, и наизлегле глувци од дупките едночудо, и веднаш детето го пуштило мачето, та кога грабнало глувците да дави, спискале, трештиле на бегање, кој кај му очи- таму му глаа, полојната тукуречи издавило, и друзите се искриле по дупките.

Кога видоа селаните оти мачорчето толку му било јунак, сите се зачудија и му се молија да му го продаит детето. Кога виде тргоецот оти мачорчето на тоа место било многу требно, му рекол на луѓето:

-Е, бре луѓе, колку илјади ќе даите за да ви го даам ова мачорче, да ви сотрит сите глувци и да куртулисате од глувчои маки?

-Колку сакаш ќе ти дајме, само, аман те молиме, да ни го даиш, трговче!- му рекле селаните.

Му дадоа пари што нејќеа, и си отидоа на панаир, кај што му беше ниетот на чоекот. Колку што зеде стока мајстор му, вудве зеде калвата и се сторило голем тргоец.

Ете алал пари како се множат.

(Заб. Марко. К. Цепенков)