дома Vox populi - гласот на народот Ука и поука Магаре појде, магаре си дојде

Магаре појде, магаре си дојде

89
magare, магаре

Нема ум да сврши работа.

Во старо време пуштиле нашите чорбаџии еден  чоек на Стамбол да даит еден арзоал на баба-алието за една мака што имале од Турците рисјаните во Прилеп.

Отишол чоеко во Стамбол и не се сторило к`смет да го даи арзоало на баба-алието, чунки бил шутикав во умо. Откоа и дојал парите што имал, си дошол во Прилеп и му кажал на чорбаџиите оти не го дал арзоало, по не знам какви себапи. Откоа беа го ислушале чорбаџиите чоеко, го познале оти бил шут и му рекле:

–А, бре, чоек, оти да не го даиш арзоало на баба-алието? Не преесапи оти толкуа пари кај се арџат за твоето одење во Стамбол?

-Е, вистина не го дадов арзоало со ова одење што појдов, чорбаџии, ама ајде пуштете ме текрар да одам, да белки ќе најдам време да го даам.

-Еда арно да те пратиме, бре чоече, ама па магаре ќе појдиш и магаре ќе дојдиш, како што појде и си дојде првио пат.

Прочитај и за ... >>  Едно магаре вода не знаи да напои. (Многу си е прос.)

Така му рекле чорбаџиите и другего пратиле.

Оттогај останал тој збор во Прилеп: Магаре појде, магаре си дојде.