Потребно време за читање: 3 минути

Стручни препораки за модерно и корисно сместување на кујнските предмети, како и за подобро организирање при готвење, јадење и комуникација.

Во повеќето кујни фиксните елементи одат заедно со просторот и можат да се сметаат како дел на заднинската декорација. Менувањето на орманчињата-со боја, нови врати или нови работни површини-го клучува во вашиот план за заднинска декорација. Ако ви се допаѓаат фиксните кујнски елементи такви какви што се, вклопете ги во палетата на боите.

Инаку, преуредувањето на кујната може да почне со отстранување на сите висечки елементи, со поставување на нови работни површини и со план за бојосување на долните елементи- орманчиња во иста боја во која се и ѕидовите, поради „безивичен“, поврзан изглед.

Мошне е забавно да се пронајдат и користат парчиња од ресторански тип. Тие на кујната во која се јаде и даваат свечено расположение, како на заминување на јадење надвор од дома, и инспирира нови начини за подготовка и сервирање на храната. Во продавници со опрема за ресторани може да се најдат пултови, послужавници и сталаци, маси и столици. Во исто време ќе видите и опрема која го претставува следниот дел од планот на декорацијата: сервиси, комплети на чаши, огромни ресторански тенџериња и тави, како и голем избор на друг прибор и садови. Направете долга полица од дрво и купете закачалки од кален челик или алуминиум за одложување и изложување на кујнскиот прибор на ѕид над долните орманчиња. Вратата или површината на масата од материјал кој се користи за школски табли е згодна како „медиум“ за размена на податоци со домашните или, пак, како место каде што ќе забележите рецепт за вашиот омилен колач.

Прочитај и за ... >>  Преуредување на домот

Барски столици можете да побарате во која било од своите омилени продавници на мебел. Високите барски столици се само една од можностите. Во кафулињата понекогаш можат да се најдат и удобни тапацирани или столици со наслон, како и мали клупи кои ги следат мали тркалезни „бистро“ столови. Ако имате место, на еден крај од кујната поставете две тапацирани столици со наслон и странично столче. Ако немате многу простор, употребете мала „бистро“ гарнитура. Или размислете за купување на тапацирано кафе-сепаре во продавница со опрема за ресторани.

Во модерната кујна секојдневниот прибор и садовите претставуваат единствена декорација што ви е потребна. Избегнувајте хаос на работните површини и неред на полиците така што ќе планирате ограничена, хармонична палета на бои и материјали: проѕирно стакло и пластика (тегли, шолји, чаши, чинии за мешање, бокали, садови за готвење на кафе); челик што не ‘рѓосува, алуминиум, никел и хром (часовник, тенџериња и тави, ламби, термос за кафе); црни, бели или црно-темни акценти (сервис, чаршави, чинии) и точки со црвено- портокалова боја (свежо цвеќе). Залихите на храна или кујнски алатки со друга боја скријте ги зад вратите на орманчињата.

Прочитај и за ... >>  Урбаниот систем на Германија

Како подметнувач на маса може да се користи и стара детска табла за пишување, а помеѓу оброците изложете ја на видно место на полицата.

За чување на разни видови на кафе применете го стариот трик со полици за алат во гаража. Наместо шајки, шрафови и матици ќе чувате кафе (или друга храна). При купувањето на продукти избирајте ги сосовите, зимницата и слично во згодни тегли со капаци кои се завртуваат. Откако ќе ги испразните, теглите претворете ги во прирачен шпајз. Ако капаците не се согласуваат со кујнската палета, бојосајте ги со спреј металик од сребрена боја. Зашрафете ги капаците за долната страна на дрвената полица, оставајќи доволно место помеѓу поради полесен пристап. Можете да отпечатите или да исипшете етикети на бела хартија. Исечете ги и однесете ги на ламинирање. Така подготвените картички издупчете ги, низ дупчињата проврете кујнски гумички и прицврстете ги околу отворите на теглите.

За да направите атмосфера на кафуле, закачете на ѕид некој постер или слика на куп садови. Украсете ја таблата со називи на видовите на кафе што ги имате на располагање-тоа ќе бидат ставки на менито кои можат да се „нарачаат“ во вашата кујна.

Прочитај и за ... >>  Иднината на вашата кујна

На крајот, поставете висечка ламба над масата за на сето тоа да додадете и топол круг на светлина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here