Дома Vox populi - гласот на народот Ука и поука Кој како му мисли на комшијата, тоа ќе му го даји Госпо...

Кој како му мисли на комшијата, тоа ќе му го даји Госпо нему

110
крава krava
Потребно време за читање: < 1 минута

Одејќи св. Јоан при Бога да му се моли на Бога за некој луѓе сиромаси, го стрел на пато некој сиромав чоек и откоа се научил оти ќе оди св. Јоан при Бога, му се помолил да му речи на Бога да му даи Госпо една крава (некој кажуат: магаре), да си ја молзи и да си рани дечињата со маштеницата, како што имал негоио комшија.

Одејќи св. Јоан при Бога, му се молил за сите луѓе и најпосле му посакал една крава да му даи на тој сиромав.

-На тој сиромав што ти рече да му даам една крава-му рекол Госпо- да му речиш да ми се моли да му даам на комшијата уште една крава и после ќе му даам нему една.

Идејќи си св. Јоан назад, го стрел сиромаио што сакал крава и му кажал као што му рекол Госпо.

-Како, како да му се молам на Бога да му даел уште една крава?! Триста години да немам крава, и не је чаре да му се молам на Бога да му даи уште една крава, на комшијата да му се сторат две, и после да ми даел една мене. Јас молам Бога дење-ноќе да му пцојса на комшијата таа што ја има, а пак Госпо сакал да го молам да му даел две крави нему. Ете вака да му кажиш на Бога ако одиш при него другаш.

Прочитај и за ... >>  Со мера продаа, ама оката тристадрам ја дава

Коа и чул тие зборои св. Јоан од тој сиромав што имал толкуа лоша мисла, се почудил и си рекол сам со себе:

-Затоа Госпо, сполај му, не ти дал и нема да ти даи.

Фото: Softpedia