Кое е вистинското име на големиот шпански сликар Ел Греко?

Потребно време за читање: < 1 минута

Ел Греко е роден на Крит, кој тогаш бил под млетачка власт, од каде што преку Венеција и Рим стасал во шпанскиот град Толедо, во кој го минал целиот живот. Ел Греко е од грчко потекло и неговото вистинско име било Доменикос Теотоцопулос.

Најраниот учител на големиот сликар најверојатно бил некој критски сликар кој сликал во византиска традиција. Во 1560. година Ел Греко дошол во Венеција кај што се запознал со сликарството на Тицијан, Тинторето и други мајстори. Неколку години подоцна во Рим ги запознал и делата на Рафаел, Микеланџело и маниристите од средна Италија. Во 1576. или 1577. заминал во Шпанија, во градчето Толедо.

Тој никогаш не го заборавил своето грчко потекло и до крајот на животот се потпишувал со прекарот Ел Греко.

Во неговото оригинално и длабоко лично сликарство упадливи се трагите од византиската традиција и италијанската ренесанса.

Leave the first comment