Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 2 минути

Според што Кинезите во својата долга историја најмногу го бележат владеењето на династиите Минг и Ќинг?

Според големиот процут на кинеската наука и култура и како последна царска династија.

Имено, династијата Минг владеела со Кина од 1368. до 1644. година и е последна со владетели Хан Кинези. Кина ја направила голема воена сила, а се смета дека на почетокот од 15. век таа била најцивилизирана, најбогата, најпросветена и најнапредна држава на светот.

Прочуениот фармацевт Ли Чицен (1518-1593) го напишал делото „Materia Medica”, во кое попишал повеќе од 1.800 видови билки и повеќе од 11.000 рецепти. Оваа книга е преведена на англиски, француски, германски, јапонски, латински и кореански јазик.

Научникот Синг Јингксин (1587-1660) ги сумирал кинеските искуства во земјоделството и индустријата во книгата „Експлоатација на природата” и го опишал степенот на развиеност на технологијата во тоа време.

Во исто време, географот Ксу Хонгцу патувал низ Кина и ги испитувал планините и реките.

Помеѓу најнапредните мислители во периодот на Минг бил Ли Ци (1527-1602), кој феудалниот морал го подложил на критика и и се спротивставил на дискриминацијата на жените.

Во кинеската литература на тоа време се појавиле повеќе забележителни романи, меѓу кои „Роман за три кралства” и „Пат на запад”. Пу Сонглинг напишал збирка кратки раскази, а Ву Јингци сатира позната под наслов „Ученици”. Меѓу драмите од тој период позначајно место заземаат „Пеонија павилјон” и „Праскин цвет”.

Во 19. и 20. век под силен впечаток на странските освојувања, колонизацијата и безбројните понижувања, Кинезите понекогаш династијата Минг ја идеализирале како златно доба на својата историја.

Династијата Ќинг се нарекува и Манџурска династија и е последна кинеска царска династија. Во 1644. година во Кина избувнал бунт што го искористила манџурската војска на чело со принцот Доргон и го пробила Кинескиот ѕид, го освоила Пекинг и по 18 години воспоставила власт над цела Кина.

Во 19. век авторитетот на царската власт е сериозно разнишан со срамните порази во Опиумските војни, а крвавото Тајпиншко востание однело повеќе животи отколку во Првата светска војна. Династијата Ќинг успеала да се одржи, но под владеењето на Ц’-сји Хи го доживува најсрамниот пораз- со Јапонија (1894-95).

Народното незадоволство доживеало кулминација во Боксерското востание во 1900. Во 1911. серија на бунтови против династијата довела до нејзино симнување од престолот, а наредната година (1912.) Кина е прогласена за република. Пу Ји, последниот цар на манџурската династија, владеел од 1931. до 1945. година како цар на државата Манџуко, под јапонска заштита.

 

 

 

 

 

Претходен написБогот Перун
Следен написОд историјата на шахот

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here